Пренчово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пренчово (грчки: Αμισιανά, Амисијана, до 1926 година Πρέτζοβα, Преѕова) е село во Грција, општина Кушница, област Источна Македонија и Тракија,[1] односно Егејсккиот дел на Македонија.
Remove ads
Историја
Етимологија
Според Јордан Н. Иванов името е од личното име Пренчо, деминутив од Прено < Премо, кое што се изведува од Запрјан. Сродно е селското име Пренчишта во Горичко.[2]
Во Османлиската Империја
На крајот на XIX век Васил К’нчов го определил Пренчово како село, во коешто меѓу муслиманското население имало 100 – 150 куќи помаци. Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографско-етнографски опис на Македонија“) напишал за Демирли:[3]
Спренча, муслиманско село со 1 џамија; жителите се помаци. Од градот е на 2 и половина час растојание.[4]
Согласно статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон 1900 година Пренчово (Прѣнчово) е мешано турско и македонско-муслиманско село. Во него живееле 250 Македонци-муслимани и 250 Турци. Според грчката статистика, во 1913 година во Пренчово (Πρέτζοβα) живееле 539 луѓе.[5][6]
Во Грција
Во периодот 1912-1927 година селото е отселено. Владата на Грција извршувала репресии врз жителите на Правишко, избивајќи или прогонувајќи негрчкото население. Жителите на Пренчово емигрирале во Турција. Во 1926 година името на селото е сменето од Преѕова (Πρέτζοβα) во Амисијана (Αμισιανά).[7] До 1928 година во Пренчово биле населени 125 грчки семејства со 495 луѓе - бегалци од Турција.[8]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads