Прнар (поранешно село)
поранешно село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прнар или Прнар Маала (грчки: Πουρνάρι или Πουρνάρ Μαχαλέ) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се во областа Вардарија во Солунското Поле. Лежело во североисточното подножје на планината Балџа, јужно од источно од Џумаја и јужно од Даутли.[1]
Историја
На крајот на XIX век Прнар било чисто турско село во Солунска каза.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 150 жители, сите Турци.[2]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 450 жители кои во 1920 г. се свеле на само 48 жители бидејќи селото настрадало во Првата светска војна.[1]
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор преостанатото население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци.[1] Така, во 1928 г. во Прнар имало 43 дојденски семејства сочинети од 184 лица.[3] Според други извори, истата година селото имало 200 жители од 39 грчки доселенички семејства, и тоа 37 од Источна Тракија, 1 од Понд и 1 од Мала Азија.[1]
Во 1940 г. во Прнар се попишани 294 лица, а на пописот од 1951 г. во него се водат 289 жители. Во понатамошните пописи селото веќе го нема бидејќи се споило со Даутли.[1]
Северно од местото се наоѓа црквата „Успение на пресв. Богородица“, која е единствената здрава градба останата од селото.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads