Џумаја (Солунско)

село во Солунско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Џумаја (Солунско)map
Remove ads

Џумаја или Џума (грчки: Μεσαίο, Месео; до 1949 г. Μεσιό, Месио,[1] до 1926 г. Τζουμά, Ѕума[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 533 жители (2011).

Кратки факти Џумаја Μεσαίο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, на левиот брег на реката Галик, од спротива на с. Нареш. Лежи на надморска височина од 125 м.[3]

Историја

Џумаја во минатото била населена со турско население. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Џумаја Маала, Лагадинска каза, живееле 150 Турци.[4]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото било припоено кон грчката држава. Истата година Џумаја имала 106 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ ја завел Џумаја со 10 турски куќи.[3] Во 1920 г. во селото останале само 20 лица.[3] Со Лозанскиот договор, преостанатото население е иселено во Турција, а на негово место се доселени 48 грчки семејства од Понд и едно грчко семејство од Источна Тракија. Според пописот од 1928 г. Џумаја била доселеничко село 150 дојденци (49 семејства).[5][6] Во 1926 г. селото е преименувано во Месио, а во 1949 г. го добило денешното име Месео.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Џумаја, каде спаѓаат и селата Даутли и Ени Маала.

Стопанство

Населението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски култури, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads