Продавница
продажба на добра и услуги од поединци или бизниси до потрошувачите From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Продавница, дуќан[1], магазин[2], магаза[3] – просторија каде што се продава стока.[4] Продавниците може да се делат по неколку критериуми. Според обликот на достапност и преземање на стоката се делат на:
- продавници во кои стоката не им е достапна на купувачите, карактеристични по продажниот пулт зад кој се наоѓа еден или повеќе продавачи кои ги послужуваат купувачите и ја наплаќаат стоката пред издавање. Овој облик е карактеристичен за помали, маалски продавници кои може да бидат со широка намена, но и специјализирани, како пекарница, месарница, новински киоск.
- самопослужни продавници каде стоката им е достапна на купувачите кои најчесто ја ставаат во корпи или колички, па пред излегување плаќаат на каса.


Постојат разни видови продавници специјализирани за продажба на разни предмети како што се:
Поголеми објекти во кои се продаваат различни видови производи, зависно од организациската структура се нарекуваат трговски центри, стоковни куќи или самопослуги.
Remove ads
Продавницата како тема во уметноста и во популарната култура
- „Продавница на тајни“ (италијански: La Butique del Mistero) - збирка раскази на италијанскиот писател Дино Буцати (Dino Buzzati) од 1968 година.[5]
- „Продавници со боја на цимет“ (полски: Sklepy cynamonowe) збирка раскази на полскиот писател Бруно Шулц од 1934 година.[6]
- „Изгубен во супермаркетот“ (Lost In The Supermarket) - песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1979 година.[7]
Галерија
- Продавницата на Луј Витон во Келн, Германија
- Продавницата на Ролекс во Келн
- Продавницата на Брајтлинг во Келн
- Продавницата на Булгари во Келн
- Продавницата на Ролекс во Прага
- Продавницата на Сваровски во Прага
- Продавница на Шопар (Chopard) во Карлови Вари, Чешка
- Продавница за облека во Скопје
Поврзано
- Фабричка продажба
- Супермаркет
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads