Прокупец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прокупец — балканска сорта грозје (Vitis vinifera) која се користи за правење розови и црвени вина, потоа за купажа како и за производство на вино и вињак.
Потекло на поимот
Името го добило според градот Прокупље, каде што се одгледувало од дамни времиња.
Виногорје
Прокупецот се одгледува Србија, Македонија и Бугарија. Спорадично се одгледува и во Русија.
Според Правилникот за изменување на Правилникот за класификација на препорачани и одобрени сорти на грозје за производство на вино за секоја лозарска област за производстство на вино во Македонија,[1] прокупецот е препорачана сорта во виногорјата:
- Скопско Виногорје
- Велешко Виногорје
- Тиквешко Виногорје
- Кочанско-виничко Виногорје
- Кумановско Виногорје
- Кратовско Виногорје
- Пијанечко Виногорје
- Прилепско Виногорје
- Битолско Виногорје
- Преспанско Виногорје
- Охридско Виногорје
- Кичевско Виногорје
- Тетовско Виногорје
Remove ads
Ботанички опис
- Бујност - развива многу бујна пенушка со исправени ластари.
- Врвот на младиот ластар е белузлаво-сив, свиткан и влакнест.
- Зрелите ластари се средно дебели или дебели, со кратки или средно долги виолетови интерноди. Бојата на кората на ластарите е црвеникава.
- Зимското окце на оваа сорта е средно развиено, конусно, покриено со темни лушпи.
- Развиениот лист е голем, цел или троделен, со прилично плитки горни странични засеци. Кората е плитко избраздена, темнозелена, мрежесто збрчкана и мека. Лицето на листот има ретки и едвај видливи пајажинести влакненца, додека на наличјето е обраснато со средно густи сиви влакна. Нервите се зелени од двете страни, добро истакнати на задната страна. Запците се со различни големини, доста заоблени.
- Петелката е со средна дебелина и должина, малку ребреста, зелена и делумно виолетова.
- Цветот е морфолошки и функционално хермафродит со 5-6 прашници, кои се нешто повисоки по положба во споредба со добро развиениот толчник во облик на шише.
- Зрното е со средна големина, тркалезно, со темносина кожа, сочно, без изразен мирис и со пријатен вкус.
- Гроздот е со средна големина, поретко голем, со цилиндрично-конусен облик, средно збиен. Тежината на гроздот значително варира во зависност од сортата и клонот од 150 до 300 грама. Гроздот најчесто се наоѓа на четвртото и петото коленце на родниот ластар. Петелката на гроздот е кратка и зелјеста.[2]
Агробиолошки особености
- Епоха на зреење - грозјето зрее помеѓу III и IV епоха. Многу доцна сорта со долга вегетација.
- Стапката на плодност е многу висока и се движи од 1,3 до 1,6.
- Принос на грозје - многу приносна сорта. Приносите на грозје варираат од 15.000 до 20.000 кг/ха.
- Закројување - му одговара кратко кроење. Кондирите се режат на 2-3 окца.
- Облици на одгледување - сите на кои може да се примени краткa резидба. Во старите лозја се одгледува со или без колци бидејќи тоа го овозможуваат силните и исправени ластари.
- Видови почви - дава најдобри резултати на суви, пропустливи, лабави, камено-чакални, умерено плодни и топли почви.
- Отпорност на криптогамски заболувања - средно отпорен на пепелница, а многу чувствителен на пламеница. Има изразена отпорност на сива мувла.
- Отпорност на ниски температури - умерено отпорен е на зимски мразови. Окцата замрзнуваат на - 16 °C.
- Афинитет кон подлоги - се препорачуваат следните подлоги: Berlandieri X Riparia kober 5BB, Teleki 8B, Š XB 41B, SO4, Rupestris du Lot и други.[2]
Remove ads
Поважни особености
Remove ads
Технолошки и органолептички особености на ширата и на виното
Особености на ширата
Ширата содржи 18-22% шеќер и 6-7 вкупни киселини. Безбојна е. При посилно цедење на грозјето се добива шира со розовкаста боја. Вкусот и мирисот се пријатни. Приносот на сокот е 65-70%.
Особености на виното
Виното содржи 11-13% алкохол и 5-6 вкупни киселини. Многу питко, освежувачко, црвена или рубин црвена боја, мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша. Кога се остава подолго време во комината, виното станува горчливо поради ослободување на танини. Со одлежување, виното добива на квалитет.[3]
Remove ads
Консумирање
Се препорачува консумација на температура од 16-18°С со лесни предјадења, тестенини и варива.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads