Просек

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во математиката, просек или средна тенденција [1] на податоци ја претставува „средната“ или „очекувана“ вредност на податокот. Има различни дескриптивни статистики кои може да се одберат за одредување на средната тенденција на податоците.

Просечната е поединечна вредност која се одликува со различни вредности. Ако сите броеви на списокот се исти, тогаш тој број се применува. А, ако сите броеви не се исти, тогаш најлесен начин да се дојде до претставителна вредност од списокот е случајно да се избере еден број од списокот. И покрај тоа, поимот „просек“ обично се придржува до пософистицирани методи, кои се сметаат за покорисни.

Највообичаениот метод е аритметичката средина. Има многу други видови на просек, како медијана (скоро секогаш се употребува за да се опишат цените и приходите).[2] Пресекот се пресметува со комбинација на величините поврзани со множеството и за да се пресмета бројот кој е просек во тоа множество.

Remove ads

Пресметка

Thumb
Споредба на модус, медијана и средина

Аритметичка средина

Ако се дадени броеви, секој број обележан како ai, каде , аритметичката средина е збир од ai'-те поделен со или

.

Аритметичката средина, често поедноставно се нарекува средина, ако два броја како 2 и 8 се дадени со претставување на вредноста 2 + 8 = A + A. Вредноста на А е (2 + 8)/2 = 5. Промената на редот 2 и 8 во 8 и 2 не ја менува вредноста добиена за А. Средината 5 не е помала од минимумот 2, и не е поголема од максимумот 8. Ако го зголемиме бројот на елементи на списокот и сакаме да најдеме средна вредност, на пр. аритметичка средина од 2, 8 и 11 се наоѓа со решавање на равенката 2 + 8 + 11 = A + A + A. Каде A = (2 + 8 + 11)/3 = 7.

Повторно, промената на местата на трите елементи во списокот не предизвикува промени во резултатот: A = (8 + 11 + 2)/3 = 7 и дека 7 е меѓу 2 и 11. Овој метод на собирање лесно се применува и важи за списоци и со повеќе елементи. И покрај тоа, средната вредност на списокот од цели броеви не е секогаш цел број. „Просечното семејство има 1,7 деца„ води кон тоа да се заклучи дека „просечниот број на деца во семејството е 1,7“.

Геометриска средина

Геометриската средина од n броеви се добива со нивно множење и потоа наоѓање на n-ти корен. Со алгебарски термини, геометриската средина од е дефинирана како

Геометриската средина може да се смета како антилогаритам на аритметичката средина на логаритмите на броевите.

На пр. геометрсика средина од 2 и 8 е .

Хармониска средина

Хармониската средина на множеството броеви се дефинира како реципрочна вредност на аритметичката средина на вредностите на :

На пример, ако брзината со која од точката A се стигнува до точката B била 60 км/ч и брзината со која се враќа од точката B до точката A била 40 км/ч, тогаш просечната брзина изнесува .

Нееднаквост на AM, GM и HM

Нееднаквоста која ги опфаќа аритметичката, геометриската и хармониската средина за кое било множество на позитивни броеви е:

Лесно е да се запамети дека ништо не значат буквите A, G и H во нееднаквоста, ако не се знае што означуваат. Видете нееднаквост на аритметичката и геометриската средина.

Медијана и модус

Медијана е средниот број од група на броеви, кои се распоредени редоследно. (ако има парен број на броеви, тогаш за медијана се аритметичката средина од двата средни броја.)

За да се најде медијаната, потребно е да е најде бројот на елементите, и тогаш да се отстранува по еден број од лево и од десно наизменично, сѐ додека не се дојде до последниот број од лево. Ако остане еден број од лево, тогаш неговата вредност е медијана, а ако останат два тогаш медијаната претставува аритметичка средина на овие два броја. Овој метод во списокот на броеви 1, 7, 3, 13 може да се прочита и како 1, 3, 7, 13. Тогаш 1 и 13 се отстрануваат, по што остануваат само 3 и 7. Бидејќи остануваат само два елементи во списокот, медијаната е нивната аритметичка средина (3 + 7)/2 = 5.

Бројот којшто најмногу пати се појавува во списокот на броеви се нарекува модус. Модусот во списокот на броеви 1, 2, 2, 3, 3, 3, 4 е бројот 3. Модусот не е секогаш дефиниран, така што да има една вредност. Списокот на броеви 1, 2, 2, 3, 3, 5 има два модуси: 2 и 3. Модусот може да се вклучи во главниот метод на дефинирање на просекот со земање на списокот и преместување на секој член, зависно од неговата вредност, почнувајќи од најмалиот. Тогаш, овој списокот е изедначен со дадениот, само што неговите членови се распоредени, почнувајќи од најмалиот. Сега, кога тие се еднакви, тогаш е очигледно да се забележи честота на секој број и да се утврди модусот. Модусот може да се употребува и ако има многу членови во списокот и ако честотата на броевите праволиниски се зголемува (на пр. ако во група од 1.000 луѓе, 30 се со маса 61 кг, 32 тежат 62 кг, 29 тежат 63 кг и ако останатите луѓе се со помала честота за некоја маса, тогаш 62 кг е модус).

Годишно враќање

Годишното враќање е вид на просек кој се користи во финансиите. Тоа е пример на геометриска средина. На пример, ако е даден период од две години и враќањето на вложувањето во првата година изнесува −10%, а во втората +60%, тогаш годишното враќање R, може да се пресмета со решавање на равенката: (1 − 10%) × (1 + 60%) = (1 − 0,1) × (1 + 0,6) = (1 + R) × (1 + R). Вредноста на R за која равенството е точно е 0,2 или 20%. Забележително е дека промената на редоследот во наоѓањето на годишното враќање ма +60% и −10% го дава истиот резултат како и при множењето на враќањата од −10% и +60%.

Овој метод може да се воопшти во примерите во кои сите периоди не се со траење од една година. Годишното враќање е варијација од геометриска средина, која обезбедува интензивна примена на годишното враќање, во согласност со списокот на враќања. На пример, за период од половина година за која враќањето е −23% и период за две и пол години, за кои враќањето е +13%. Годишното враќање за комбинираниот период е единично годишно враќање, R, кое е решение на следнава равенка: (1 − 0,23)0,5 × (1 + 0,13)2,5 = (1 + R)0,5+2,5, што дава вредност на годишното враќање R еднаква на 0,0600 или 6,00%.

Remove ads

Видови

Таблицата на математички симболи ги објаснува симболите користени подолу.

Повеќе информации , ...
Remove ads

Решенија на варијациските проблеми

Некои пресметувања на средната тенденција може да се одликуваат како решавање на варијациски проблем, познати и како анализа на варијации, имено минимизациска варијација од средината. Тоа е дадената вредност на статистичка дисперзија, која ја мери средната тенденција на минимизираната варијација: како варијацијата од средината која е еднаква на сите минимуми меѓу сите избори за средината. Духовито речено, „дисперзијата ѝ претходи на локацијата“. Во значењето на просторот, односите се:

Повеќе информации , ...

Стандардното отстапување за средината е помало од стандардното отстапување за некоја друга точка; единственоста на оваа одлика на средината и средниот опсег следува од конвексната оптимизација, како што и се конвексни функции. Се забележува дека медијаната овде е главен уникат и всушност секоја точка меѓу две средни точки на дискретната распределба го минимизира просечното апсолутно отстапување.

Слично, модусот ја минимизира квалитативната варијација.[се бара извор]

Remove ads

Мешовити видови

Други пософистицирани просеци се: трисредина, тримедијана и нормализираната средина. Овие обично се порепрезентативни до целата група на податоци. [се бара извор]

Еден може да создаде сопствен просек со примена на Колмогоровата средина:

каде f е секоја инверзна функција. Хармоничната средина е пример на употребата наf(x) = 1/x и геометриската средина е друга, со примена на f(x) = log x. Друг пример, експоненцијалната средина е средина со примена на функцијата f(x) = ex и во самата природа се склони вредностите кон најголемата. И покрај тоа, овој метод на експоненцијална средина не е доволен за да се одредат сите средини. Подобар метод за одредување на средината, y, земајќи некоја функција од списокот g(x1, x2, ..., xn), која е симетрична со пермутацијата од членовите во списокот и се изедначува со истата функција со вредност на просечната, распоредувајќи го секој член од списокот: g(x1, x2, ..., xn) = g(y, y, ..., y). Оваа најважна дефиниција има значајна примена во одредувањето на сите просеци од елементите во списокот: Функцијата g(x1, x2, ..., xn) =x1+x2+ ...+ xn ја дава аритметичката средина. Функцијата g(x1, x2, ..., xn) =x1·x2· ...· xn ја дава геометриската средина. Функцијата g(x1, x2, ..., xn) =x1−1+x2−1+ ...+ xn−1 ја дава хармоничната средина [3]

Remove ads

Во базата на податоци

Концептот на просечната вредност може да биде претставен како база на податоци, односно голема низа, во рамките на која целта е да се најде вредноста која е на некој начин подеднакво поврзана со секој податок. Базата може да биде распоредена во време, како и збогатениот систем на податоци од којшто се сака да се отстрани збиеноста или просторот, а како во пиксели на сликата од која се сака да се извлече примена. Лесно разбирлива и применувана примена на просечната вредност до базата е едноставниот движечки просек во кој се пресметува аритметичка средина од најсвежите N податоци во базата. За да се напредува една позиција во базата, се додава 1/N пати новиот податок и се одзема 1/N податокот N вратен во базата.

Remove ads

Потекло на поимот

Оригиналното значење на зборот просек е „долготрајна опасност на море“: истиот збор е пронајден во арапскиот јазик како awar, во италијанскиот avaria и во францускиот avarie. Според тоа пресметувач на просек е лице коешто проценува загуба којашто може да се осигура.

Поморскиот ризик е или делумен просек, кој настанува само за сопственикот на ризичниот имот, или хаварија, кога сопственикот може да потврди пропорционални придонеси од сите учесници во поморскиот ризик. Видот на пресметката користена во пресметувањето на хаваријата го зголемува толкувањето на терминот „просек“ како „аритметичка средина“.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads