Пунчак Џаја

планина во Индонезија From Wikipedia, the free encyclopedia

Пунчак Џаја
Remove ads

Пунчак Џаја (индонезиски: Puncak Jaya) или Карстенсова Пирамида (холандски: Carstenszpyramide) — планина во венецот Судирман во западниот дел од покраината Папуа во Индонезија. Со 4.884 м надморска височина, Пунчак Џаја е највисока планина во Индонезија, највисока на островот Нова Гвинеја (каде влегува и Папуа Нова Гвинеја), највисока во Океанија и петта по висина во Југоисточна Азија. Со ова, планината е највисоката точка помеѓу Хималаите и Андите, како и највисокиот островски врв на светот. Според други извори, највисока планина во Океанија е Вилхелм (4.509 м), доколку се земе дека Индонезија ѝ припаѓа Азија.[1]

Кратки факти Пунчак Џаја, Највисока точка ...
Thumb
Топографска карта на Пунчак Џаја и околината

На 4 км од планината е сместен рудникот на Грасберг — најголем рудник на злато и трет најголем рудник на бакар во светот.

Remove ads

Историја

Откривање

Висорамнината околу планината била населена пред доаѓањето на европските истражувачи. Месното население ја нрекувало планината „Немангкави“. Прв дојденец што ја забележал планината бил холандскиот истражувач Јан Карстенс во 1623 г. Во негова чест врвот подоцна го добила името „Карстенсова Пирамида“.[2] Овој настан останал непотврден повеќе од два века, а Карстенс во Европа бил дочекан со потсмев кога соопштил дека наишол на снег близу екваторот.

Прв до планината дошол Карстенсовиот сонародник Хендрик Лоренц со шестмина Дајаци од Борнео.[3] По него е наречен Националниот парк Лоренц во кој спаѓа планината.

Историја на искачување

Во 1936 г. е спроведена холандската „Карстенска експедиција“, но стручњаците не успеале да утврдат кој од трите врва е највисок. Антон Цолејн, Жан Жак Дози и Фриц Висел ги искачиле двата врва, но поради невреме не успеале да се качат на Карстенсовата Пирамида.[4]

Највисокиот врв е искачен дури во 1962 г. од експедицијата предводена од австрискиот планинар Хајнрих Харер (Филип Темпл, Расел Кипакс и Албертус Хејзенга).

Кога покраината преминала во Индонезија (1963), планината го добила името „Пунчак Сукарно“ (Puncak Sukarno), во чест на првиот претседател на државата. Подоцна го добила сегашното име „Пунчак Џаја“ што значи „врв на победата“.

Remove ads

Ледници

Иако самиот врв нема мраз, на падините има неколку ледници како што е Карстенсовиот Ледник, Запдниот Северноѕиден Снежник, Источниот Северноѕиден Снежник и неодамна исчезнатиот Меренски Ледник во Меренската Долина.[5] Со завршувањето на малото ледено време (од 1850-тите наваму), ледниците се повлекуваат и исчезнуваат. Процесот е особено забрзан во последните неколку децении. Во 2010 г. е утврдено дека се топат со стапка од 7 м во дебелина годишно и дека треба да ги снема до 2015 г.[6]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads