Пухче
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пухче — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужниот дел на Општина Штип, во долината на реката Крива Лакавица, чиј атар се издига до сртот на планината Серта.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 480 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 23 километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 2433, кој не е асфалтиран, а селото е поврзано со асфалтен пат од регионалниот пат 1204 кај селото Лакавица.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Пухче е населено барем од доцноантичкото време, за што сведочат остатоци од населби и утврдувања на повеќе наоѓалишта во близина на селото.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 7,5 километри квадратни. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 282 хектари, на шумите отпаѓаат 219 хектари, а на пасиштата 196 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пухче живееле 190 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[5]
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 272 жители, од кои 94 биле Турци, 78 Македонци и 100 жители се изјасниле како други. Во 1994 година, бројот се намалил на 67 жители, од кои 38 биле Македонци, 25 Турци и четворица жители Роми.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 34 жители, од кои 15 Македонци, 13 Турци, 1 Ром и 5 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 4 Македонци, 8 Турци, 2 останати и 11 лица без податоци.[7]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Пухче:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Remove ads
Општествени установи
- Месна заедница
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Пухче било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Пухче се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2305 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[9] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[10]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Бавчи — населба од доцноантичко време;
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Кала — утврдување од доцноантичко време;
- Пухче — некропола од доцноантичко време; и
- Рамниште — населба од доцноантичко време.
- Цркви[11]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.
- Манастири
- Пухчевски манастир — мал манастир во близина на селото.
- Селската црква „Св. Ѓорѓи“
- Манастирската црква „Св. Илија“
Remove ads
Галерија
- Куќи во селото
- Поток низ селото
- Поток низ селото
- Селската чешма
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads