Равна (Касандриско)

село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Равна (Касандриско)
Remove ads

Равна или Горна Равна (грчки: Πετροκέρασα, Петрокераса; до 1927 г. Ραβνά, Равна[2]) — село во Касандриско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Населението брои 250 жители (2021).

Кратки факти Равна Πετροκέρασα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во средината на северниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на северните падини на планината Хортач. Лежи југоисточно од Лагадина во историско-географската област Мадемско.

Историја

Средновековие

Северно от селото, на пътя за Загливер в планинска местност, в която се намира современиот параклис „Пресв. Богородица“, са открити следи от керамика и ѕидарија, веројатно од средновековен храм, што е потврдено од усната традиција. Близу до ова место се урнатините на црквата „Св. Петка“, изградена во XIX век.[3]

Во Отоманското Царство

Thumb
Народни носии од Равна во селскиот етнолошки музеј.

Равна е спомната за првпат во 1771 г. како маало во вакафот на Исак-паша.[4]

Во XIX век Равна било грчко село во Касандриската каза. Наречено е и Епано Равна, т.е. Горна Равна, за да се разликува од Долна Равна (грч. Маратуса). Селото зело учество во Халкидичкото востание од 1821 г.[4] Црквата „Св. Илија“ е од 1810 година.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Епано Равна живееле 550 Грци христијани.[6]

Во селото има зачувана чешма од XIX век, можеби снабдувана од аквадукт на 2,5 км западно од селото, каде се наоѓа поствизантискиот параклис „Св. Атанасиј“. Во местността Казанија сè уште може да се види цевководот.[4] Во селото има традиционална работилница за пчелин восок.[3]

Во Грција

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор.

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Атанасиос Равниотис или Папас (Αθανάσιος Ραβνιώτης η Παππάς) — андартски деец, агент од III ред[9]
  • Николаос Котас (1885 - 1881) — политичар
  • Пантелејмон Калафатис (р. 1943) — митрополит
  • Пасхос Равналис (Πάσχος Ράβναλης) — андартски деец, четник[9]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads