Радоешта

село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Радоешта (Радоишта или Радовишта) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани, иако порано било со мешана вероисповед.

Кратки факти Радоешта Radovesh, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на 2 км (по воздушна линија) западно од Тучепи 3 км од границата со Македонија, каде од другата страна е торбешкото село Отишани, Општина Дебар.

Некои од селските маала се Беѓовци, Бојаџиовци, Симановци и Тропчаништа.[1] Последно споменатото порано било одделно село.[2]

Историја

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Радовишта (Radovichta) било село со 35 домаќинства, со 52 жители Македонци-муслимани (Торбеши) и 54 жители Македонци-христијани.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Радовешта живеат 120 жители, сите Македонци-муслимани.[3][5]

Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:

Радоешта од 25 македонски куќи запоседнато е сега од Тољовци, од кои најпрочуен грабач е Таир Тоља, и тие се од селото Горица (Малесија). Од истите е запоседнато и соседното село Заборје. Од овие две села Македонците се иселени претежно во градот Солун.[3][6]

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Радовиш се води како село од 70 куќи, сите Македонци-муслимани.[3][7]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Remove ads

Знаменитости

  • Радоешка џамија

Личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads