Заборје
историско село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Заборје — историско село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Денес тоа е отпишано и нема постојани жители. Било населено со православни Македонци.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало во областа Голо Брдо, помеѓу селата Големо и Мало Острени. Денес на местото на селото има воени објекти.
Историја
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Заборие (Zaborié) било село со 90 домаќинства со 245 жители православни Македонци.[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Заборје (Заборье) живееле 115 Македонци.[1][3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заборје е претставено како чисто македонско село в Дебарската каза на Дебарскиот санџак со 10 куќи.[4]
На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Заборје (Zaborie) имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[1][5]
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
„ | Радоешта од 25 македонски куќи запоседнато е сега од Тољовци, од кои најпрочуен грабач е Таир Тоља, и тие се од селото Горица (Малесија). Од истите е запоседнато и соседното село Заборје. Од овие две села Македонците се иселени претежно во градот Солун.[1][6] | “ |
По Првата балканска војна во 1912 г. Заборје влегло во состав на новосоздадената Албанија.
До 2015 г. подрачјето на селото било на територијата на Општина Острени.
Remove ads
Личности
- Богдан Таневски — ѕидар со основно образование, борец во Македонско-одринските доброволни чети[7]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads