Разрешувалка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Разрешувалка
Remove ads

Разрешувалка или бекар (♮) — предзнак во музичката нотација што го негира дејството на повишувалка или снижувалка што се наоѓа во истата празнина или линија на нотниот систем.

Thumb
Разрешувалка пред тонот во првата празнина на нотниот систем

Запис

Разрешувалка се означува така што површината опфатена со нејзините четири линии ја опфаќа линијата или празнината на која се наоѓа тонот што треба да се „разреши“. Доколку се бележи вон границите на нотниот систем, помошните линии треба да се напишат како за ноти.

Употреба

Разрешувалката се користи на неколку места во музичките дела:

  • За разрешување тонови во рамки на еден такт, каде што има смисла да се користи само на оние тонови што се повишени или снижени, бидејќи нема ефект врз другите.
  • Експлицитно да се означи престанок на важност на предзнакот на еден тоналитет. Како на долната слика
    Thumb

Разрешувалките на местата на тоновите ha, e и a експлицитно е означено дека претходните предзнаци Ес-дур односно Це-мол повеќе не важат, по што се наведуваат новите предзнаци Е-дур односно Цис-мол.


Музичка нотација
Нотен систем предзнацитакттактица
Ноти помошни линииточкаснижувалкаповишувалкаразрешувалкапаузалигатура
Kлучеви виолинскиалтовскибас-клуч
музичка нотацијамузички скалитемподинамикаартикулацијаукраси
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads