Раовиќ

село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia

Раовиќmap
Remove ads

Раовиќ — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Општина Сарај.

Историја

Кон крајот на XIX век Раовиќ било село како дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раовиќ живееле 110 жители, сите Албанци.[2]

По Балканските војни е забележано со 277 жители.[3]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото имало 43 куќи со 273 Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 213 жители, сите Албанци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 79 жители, од кои 40 Албанци и 39 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови:

  • Родот Ерем (25 куќи) потекнува од племето Тсач во северна Албанија. Во Раовиќ дошле двајцата браќа Мурат и Демир во првата половина на XIX век. Од споменатите браќа потекнуваат денешните семејства.[12]

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

Доселеници:

  • Ченон или Чајан (15 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселени од Љума во северна Албанија, нивни роднини се Ибишалар, Миналар и Исафалар кои живеат во Чајлане.
  • Ереме (25 к.) потекнуваат од фисот Тсача во северна Албанија.
  • Елез (18 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век, каде дошле браќата Елез и Рамадан.[13]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads