Рахманли
поранешно село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рахманли (Рамалија или Ромалија, наречено и Раманче; грчки: Ελεούσα, Елеуса; до 1926 г. Ραχμανλή, Рахманли[2]) — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин во истоимениот округ на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1930-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото било сместено 22 км североисточно од Лерин, 17 км источно од Долно Клештино. Лежело во северниот крај на Леринското Поле на самата државна граница со Р Македонија.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Рахманли било македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Ромалија како македонско село.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рахманли (Раманче) имало 249 жители Македонци-христијани.[6][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рахманли се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[8]
На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Раманли (Ramanli) живееле 128 Македонци, сите под егзархијата.[6][10]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 123 жители.[3] Во 1920 г. населението опаднало на 68 лица, веројатно поради војните. Во 1926 г. властите го преименувале во Елеуса.[11] Според последниот попис од 1928 г. Рахманли имало 56 жители, кои постепено почнале да го напуштаат поради тешките услови за живот и се прибрале во соседното село Орта Оба.[3] Иако селото е конечно напуштено во 1930-тите, имотите во него сè уште се користат од неговите поранешни жители.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads