Рашки Округ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рашки Округ — округ во југозападниот дел на Република Србија. Вклучува два града и три општини. Има вкупно население од 309.258 (Попис 2011 година). Седиштето на округот е во градот Краљево.
Во околината на Краљево се наоѓа „мајката на сите цркви“ - манастирот Жича. Овој духовен центар на српската средновековна држава е изграден околу 1220 година кога манастирот Жича станал центар на новооснованата српска архиепископија.
Манастирот Студеница бил изграден кон крајот на 12 век, како задужбина на Стефан Немања, кој богато го опремил со икони и книги. Кога се замонашил и отишол во Хиландар, за манастирот се грижел неговиот постар син Стефан, подоцна наречен Првовенчани.
Недалеку од Нови Пазар се наоѓа манастирот Сопоќани, изграден како здужбина на кралот Стефан Урош I, син на кралот Стефан Првовенчани. Сопоќани е изграден околу 1260 година. Основна и најголема вредност на Сопоќани се фреските, според кои овој манастир е еден од најдобрите примери на европското средновековно сликарство.
Remove ads
Административна поделба
Рашкиот Округ опфаќа два града и три општини.
Демографија

Според последниот официјален попис спроведен во 2011 година, Рашкиот Округ брои 309.258 жители. 53,2% од населението живее во урбани средини. Етничкиот состав на округот е даден во следната табела:[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads