Раштани (Битолско)
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Раштани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Поради близината до својот град, се смета и за негово предградие.
За други истоимени места, погледајте Раштани.
Remove ads
Географија и местоположба
Раштани — село во составот на Општина Битола, односно во средишниот дел на областа Пелагонија, на 4 километри оддалеченост од градот. Поради својата близина со Битола селото припаѓа во нејзината рурбална зона. Раштани е ридско село, расположено на надморска височина од 780 метри и се наоѓа на левата страна на ограничниот пат кој ја поврзува Битола со Охрид и Ресен (западно) и Прилеп (северно). Атарот зафаќа површина од 5 км2.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Раштани беше село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Раштани има изразито полјоделско - сточарска функција. Обработливото земјиште зафаќа 142 ха од селскиот атар, а на пасиштата отпаѓаат 314 хектари. Од полјоделските култури застапени се житото (пченицата и јачменот), шеќерната репка (сè повеќе се намалува застапеноста во последниве години) и индустриски култури, а од сточарството се одгледува крупна стока.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раштани живееле 90 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Раштани се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 7 куќи.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раштани имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]
Селото броело 187 жители во 1961 година, додека во 1994 година се зголемува населението на 264 жители.
Според пописот на населението од 2002 година, селото Раштани брои 396 жители, од кои 391 Македонец, 3 Власи и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 550 жители, од кои 530 Македонци, 4 Албанци, 2 Власи, 2 Срби и 12 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Раштани е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Павлевци (13 куќи) и Стамболџиовци (11 куќи), потекнуваат од браќата Павле и Костадин, Костадин одел на гурбет во Стамбол и по тоа го добиле името. Во родот Павлевци се знае следното родословие: Ѓорги (жив во 50-тите на 70 години) Коле-Божин-Атанас-Павле, основачот на родот;
- Доселеници: Комарчевци (2 куќи) потекнуваат од предок кој се доселил од Дебарско.[13]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Цркви[14]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;[15]
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Змеиште — населба од железно време;
- Стари Гробови — населба од железно време;
Редовни настани
Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни,кој го посетуват голем број на граѓани од цела Битола.
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads