Рајнер Шутлер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рајнер Шутлер (германски: Rainer Schüttler; 25 април 1976 во Корбах, Германија) е поранешен германски тенисер .
Remove ads
Кариера
Ја започнал својата професионална кариера во 1995 година. Најголемиот успех го постигнал во 2003 година, кога стигнал до своето прво и единствено гренд слем финале во кариерата, пласирајќи се во натпреварот за титулата на Отвореното првенство на Австралија, но таму бил лесно победен од Андре Агаси со 3-0 по сетови 2–6, 2–6, 1–6.
Тој, исто така, освоил сребрен медал на Олимписките игри во 2004 година, играјќи во двојки со сонародникот Николас Кифер.
Во својата кариера Шутлер освоил четири турнири: 3 на тврда подлога и еден на тепих.
Најдобриот пласман на АТП листата го остварил во април 2004 година, кога бил петти играч.
На 11 октомври 2012, објавил дека официјално се повлекува од активното играње тенис.
Remove ads
Гранд слем финалиња
Поединечни: 1 (0-1)
Исход | Година | Турнир | Поставата | Противник во финалето | Резултат |
Пораз | 2003 | Отворено првенство на Австралија | Тврда подлога | ![]() |
2-6, 2-6, 1-6 |
АТП мастерс финалиња
Поединечни: 1 (0-1)
Исход | Година | Турнир | Противник | Резултатот |
Пораз | 2004 | Монте Карло | ![]() |
2-6, 1-6, 3-6 |
Надворешни врски
- Матична страница
- Рајнер Шутлер на мрежното место на АТП (англиски)
- Рајнер Шутлер на мрежната страница на ИТФ (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads