Рајца (Албанија)

село во Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Рајца (Албанија)map
Remove ads

Рајца или Рајче (албански: Rrajcë) — село во Општина Прењас на Областа Елбасан, југоисточна Албанија. Населението е сочинето од поалбанчени Македонци-муслимани.[1]

Кратки факти Рајца Rrajcë, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во јужните падини на планината Јабланица, во мала котлина недалеку од Охридското Езеро, на надморска височина од 690 м. Се наоѓа околу 3 км североисточно од општинскиот центар Прењас, во непосредна близина на границата со Македонија.[2]

Историја

Во XIX век Рајца било македонско-муслиманско село во Охридската Каза на Битолскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рајца имало 840 жители, сите Македонци-муслимани.[3][4] Тој забележал:

Торбешите од Рајца, најјужното од подримските потурчени (исламизирани) села, говорат само на албански и веќе се бројат како Албанци.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Рајца е претставена како чисто „албанско“ село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 180 куќи.[6]

На почетокот на XXI век јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули спровеле теренско испитување со цел да ја проверат тековноста на постарите извори за македонојазичните („словенојазични“) села во Албанија. Утврдиле дека Рајца било наполно „албанско“ и муслиманско село. Според сведоштво на постари жители, населението зборело само на албански.[1]

Сè до 2015 година, селото било седиште на Општина Рајца која се состоела од седум села.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads