Римска некропола (Јегуновце)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Римската некропола, месно познат како Кај Фабриката — археолошко наоѓалиште т.е. некропола од римското време, која се наоѓа во дворот на Металуршкиот комбинат „Југохром“ во Јегуновце, тетовско. Некрополата е случајно пронајдена во текот на градежните работи во 1956 година. Тука се откриени гробови со конструкции од камени плочи - тип циста. Во еден од нив е најдена плоча со грчки написи од седум реда и необична релјефна сцена. Имено, лево стои постар маж со куса туника, со крената десна рака, а со левата става жртва над ара. Десно стои дете свртено кон арата, а понатаму од него ,сосема десно се претставени маж и жена со превез на главата. Плочата се чува во Музејот на Македонија.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads