Римска некропола (Јегуновце)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Римската некропола, месно познат како Кај Фабрикатаархеолошко наоѓалиште т.е. некропола од римското време, која се наоѓа во дворот на Металуршкиот комбинат „Југохром“ во Јегуновце, тетовско. Некрополата е случајно пронајдена во текот на градежните работи во 1956 година. Тука се откриени гробови со конструкции од камени плочи - тип циста. Во еден од нив е најдена плоча со грчки написи од седум реда и необична релјефна сцена. Имено, лево стои постар маж со куса туника, со крената десна рака, а со левата става жртва над ара. Десно стои дете свртено кон арата, а понатаму од него ,сосема десно се претставени маж и жена со превез на главата. Плочата се чува во Музејот на Македонија.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads