Ристо Огненовиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ристо Огненовиќ
Remove ads

Ристо Огненовиќ - Лоноски (Галичник, 1870 - 1941 ) — македонски етнограф и професор.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Огненовиќ роден е во Галичник во 1870 година во семејството Лоновци. Заминал со татко му на печалба во Солун, каде се запишал во егзархиската гимназија. Подоцна се запишал на Учителската школа „Свети Сава“ во Белград и во 1890 година, тој станал учител. По неуспешниот обид да отвори српско училиште во Битола, се вратил во Белград. Потоа заминал за Константинопол, во Галата Сарај и се запишал на францускиот лицеј и го изучувал францускиот јазик. Бил еден од главните луѓе на Новаковиќ кој ја ширел на самиот терен српската пропаганда, односно отворал српски училишта во Македонија. Ристо Огњановиќ работел како професор во српската гимназија во Скопје. Но пред својата смрт во 1940 година, ја напишал книгата „Галичник и Мијаците[1], на месен македонски јазик, тврдејќи дека самиот тој не е ниту Србин, ниту Бугарин, односно дека Македонците се посебен народ кој јасно се разликува од нив во секој научен поглед.

„Одма да кажа да Мијациве, како и сиве други племиња во Македонија, имајет две јаки осеќања: едно, да се Славјани и да се многу родниње како со Србите, таке и со Бугарите, а друго-да не се ни Срби ни Бугари, токо нешчо треќо: да се Мијаци, Брсјаци итн., а по теја Македонци“

од книгата „Галичник и Мијаците“[2]

„Ни Срби ни Бугари, пред да завладејет Турциве, немале ни време ни начин, ни стредства, ни сила за да напрвит (од нами) едно тесто: српско или бугарско... Македонец се делит јасно и од Србин и од Бугарин и овије ги броит како братучеди од вујко и од стрико. Овакво је осаќањето, свеста и волјата на овја народ овамо и добро је овеја да го знојет и едните и другите. Овеја го знојет и историјата и науката и неопходно је овеја да не го заборавит и нашиве славјански политичари“

од книгата „Галичник и Мијаците“[3]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads