Ришар Гаске

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ришар Гаске
Remove ads

Ришар Габриел Сир Гаске (роден на 18 јуни 1986 г.) — француски професионален тенисер.

Кратки факти Земја, Место на живеење ...

Тој бил светски бр. 7 играч според Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) во јули 2007 година, што е негов најдобар пласман во кариерата. Во поединечна конкуренција, тој има освоено 15 АТП титули. Негов најдобар резултат на гренд слем турнирите е полуфинале на Вимблдон 2007 и 2015 и полуфинале на Отвореното првенство на САД 2013. Тој трипати бил финалист на турнирите од серијата АТП Мастерс 1000, и тоа во Хамбург во 2005 година и Торонто во 2006 и 2012 година. Тој освоил гренд слем титула во мешани двојки на Отвореното првенство на Франција 2004, заедно со Татјана Головин. Тој исто така освоил бронзен олимписки медал во двојки на Летните олимписки игри 2012 во Лондон заедно со Жилијен Бенето. Гаске подеднакво добро игра на сите видови подлоги и е познат по неговите елеганти удари и еднорачен бекхенд.

Во 2021 година, Гаске станал само шестиот активен играч на АТП турнејата кој победил на 550 натпревари.[3]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads