Романовце

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Романовцеmap
Remove ads

Романовце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Романовце се наоѓа во близина на Куманово, во котлината Жеглигово.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Рахманли и имало мешано христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 24 христијански и 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 104 мажи муслимани со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 416 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 509 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци, 500 Албанци, 150 Турци и 50 Роми.[5]

Според пописот од 2002 година во Романовце живееле 2.794 жители, од кои: 716 Македонци, 2.028 Албанци, 35 Турци, 6 Срби и 9 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.566 жители, од кои 569 Македонци, 1.804 Албанци, 11 Турци, 3 Срби, 1 Бошњак, 7 останати и 171 лице без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Романовце е мешано православно-муслиманско село.

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:

  • Македонски: Латиновци (32 к.), Ѓорчевци (17 к.) и Ристевци (12 к.) потекнуваат од ист предок. Основачот на овие родови се доселил пред 250-60 години од некое место во околината на Гнилане во Косово. Во првиот род го знаат следното родословие: Младен (жив на 74 г. во 1963 година) Величко-Цветко-Ѓорче-Марко-Латин, основачот на родот кој се доселил и се оженил со девојка од селото Текија; Колевци (12 к.) и Цеевци (12 к.) доселени се од селото Раштак; Жмијаци (19 к.), Сердарци (17 к.), Бобевци (8 к.), Стаменковци (6 к.) и Големиновци (9 к.) доселени се, но не знаат од каде; Шупљокаменци (3 к.), Пезовчанци (2 к.) и Пчињци (2 к.) доселени се во 1917 година, првите од селото Шупљи Камен, вторите од Пезово, а третите од селото Пчиња; после Втората светска војна во селото се доселиле околу (30 к.) од Кривопаланечко и околината на Босилеград.
  • Албански: Шутевци (30 к.), Биљаловци (15 к.), Дураци (10 к.), Брцолари (10 к.), Емруловци (6 к.), Ајдиновци (6 к.) и Мусовци (6 к.) се стари селски родови. Веројатно некои од нив потекнуваат од првите три куќи што го основале селото Романовце. Поедино се знае дека родот Биљаловци е доселен од Топојани во Љума, а Ајдиновци и Дураци се од фисот Гаш во северна Албанија; Дошљак (2 к.) доселени се во 1878 година од некое село кај Сурдулица; Станчиклије (10 к.), Жегралије (4 к.) и Мојанчанци (11 к.) доселени се после 1912 година. Првите од селото Станчиќ кај Гнилане, вторите од селото Жегре кај Гнилане, а третите се од селото Мојанци.
  • Турски: Ипчевци или Алимовци (8 к.) овде се од турско време, но не знаат од каде се доселени.
  • Ромски: Реџовци (1 к.) селски ковачи се.[9]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Женско оро во Романовце, почеток на XX век

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads