Мојанци (Скопско)

село во Општина Арачиново From Wikipedia, the free encyclopedia

Мојанци (Скопско)map
Remove ads

Мојанци — село во Скопскиот Регион и второ по големина село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора. Оддалечено е 15 километри североисточно од Скопје.

Во повисоките делови на атарот се наоѓало поранешното село Бара, напуштено некаде помеѓу двете светски војни.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Мојанце и било муслиманско, со 17 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи муслимани, со 17 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 200 жители.[2]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Мојанци живееле 120 жители, од кои 30 Македонски христијани и 90 Арнаути[3] муслимани.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 185 жители. Било дел од Општина Брњарци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4]

Remove ads

Демографија

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Мојанци имало 120 жители, од кои 90 Албанци и 30 Македонци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 2.325 жители. Следува табела на националната структура на населението:[6]

Националност Вкупно
Македонци 2
Албанци 2.315
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 8

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[7]

Повеќе информации Година ...

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Мојанци има 2.912 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 1
Албанци 2.865
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 46

Родови

Мојанци е албанско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Демовци (23 к.) потекнуваат од предокот Адем. Него го викнале православните Македонци да биде говедар кај нив и така тој се заселил во селото. Потоа земал за жена некоја православна Македонка и така е основан овој род. Го знаат следното родословие: Бајрам (жив на 45 г. во 1954 година) Амет-Бајрам-Исен-Адем, основачот на родот; Идризовци или Ашани (18 к.) потекнуваат од предокот Идриз. Тој се доселил околу средината на XIX век. Потекнуваат од фисот Бериш; Оџалари (4 к.), Тенџер (2 к.) и Барци (1 к.) доселени се од селата на Кумановска црна гора. Првите два рода од селото Брест, а третиот од раселеното село Бара. Потекнувале од фисот Бериш.[9]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2338 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[10]

Иселеништво

Постари македонски иселеници од селото имало во Арачиново (Велковци, Кузманови и Јаќимовци). Но и од таму се иселени. Некои македонски родови во 1878 година, во текот на Српско-турската војна се преселиле во Србија.[9]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads