Пезово
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пезово — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Куманово, недалеку од левата страна на патот Куманово-Свети Николе.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 540 до 680 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 27 километри.[2]
До селото води земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1204 во близина на селото Градиште.
Пезово е сместено во западното подножје на планината Манговица, на еден гребен со насока североисток-југозапад. Се граничи со селото Кутлибег од запад страна, а на југоисток со селото К’шање. Во минатото, водата за пиење мештаните ја добивале од бунари, додека помалку од изворот Ѓурин Камен.[3][4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Голема и Мала Букација, Старо Село, Страиште, Голем Камењ, Бело Камење, Мирчевац, Солишта, Градишта, Голема и Мала Мати, Кучка, Плакало, Пепеларац, Павлева и Јовчева Шишана, Стари Лозја, Ретковица, Гола Чука, Чумалеј, Саржанов Рид, Којков Чукар и Којково Присоје.[3]
Пезово има доста разбиен тип и има онолку маала колку што има во него родови. Некои маала се наречени Здравковско, Смокарско, Кутлевско, Алачовско и други.[3]
Remove ads
Историја
Подрачјето на Пезово е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Вукосија на 1 километар јужно од селото.[5] Ова наоѓалиште датира од многу периоди и денес има остатоци од ѕидини и е сместено недалеку од патот помеѓу Кумановско и Овче Поле. Народната традиција наведува дека таму некогаш имало тврдина, а нејзините жители со подземен ходник се снабдувале со вода од Ѓурин Камен. Денес, таму има слаби остатоци на ѕидови и повремено се откопувале големи земјени ќупови. Друга тврдина имало на возвишението Градиште крај патот за Бељаковце.[3]

Меѓутоа, за денешното село има оскудно предание. Некогаш, тоа се наоѓало на месноста Старо Село, кое се наоѓа на повисок терен кон североисток. Мештаните на тоа село ги сотрела чумата, поради што останатите ги основале денешните издвоени маала. На нивно место во минатото им се наоѓале нивните сточарски трла.[3]
Оваа поделба на селото по маала е извршена околу 1860 година, што е видливо од родословот на Смокарци. Денес, на месноста Старо Село се наоѓаат пасишта.[3]
Во минатото низ Пезово водел карвански пат за Солун, кој понатаму продолжувал кон Коњух-град покрај Крива Река, па кон Страцин и Крива Паланка.[3]
Во 1912 г. за време на Првата балканска војна во селото влегле српски единици и воспоставена е српска власт. Тогаш почнала интензивна пропаганда за посрбување на населението. На 27 март 1913 г. српскиот секретар на општината во Малино Данило Цекиќ испратил писмо до попот Никола Иванов во Куманово со образец за молба до српскиот митрополит Викентиј Скопски, во која селаните се изјаснуват како „Срби“:
Оче Никола, ти ќе го потпишеш ова писмо кое ти го испраќам, и по тебе ќе треба да го потпишат сопотските селани, како и твоите еноријаши: трстеничани, пезовци, станевчани, алканичани... За секое село треба по дваесет потписи... Внимавај да не ти избегаат тие што ќе потпишат.[6]
Remove ads
Стопанство
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 13,8 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 800 хектари, а на обработливите површини отпаѓаат 406 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пезово живееле 406 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Пезово имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Во учебната 1907/08 година според Јован Јаџивасиљевиќ во селото работело егзархиско училиште.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[10]
Од ова село се иселил голем број од населението. Така, Пезово во 1961 година имало 511 жители, од кои 505 биле Македонци, а пет жители Срби, додека во 1994 година бројот се намалил дури на 84 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пезово живееле 53 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Пезово е македонско село.[3]
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Староседелци: Алачковци I (5 к.), Здравковци (5 к.), Алачковци II (4 к.), Марковци (3 к) , Војинци (4 к.), Опачинци (3 к.), Ипевци (3 к.), Дулевци (3 к.), Шуманци (2 к.), Мицевци (2 к.), Кутлевци (6 к.), Смокарци (5 к.), Дамјановци (4 к.), Ѓуревци (4 к.), Коларовци (3 к.) и Шарковци (3 к.). Родовите Алачковци I и Алачковци II потекнуваат од ист предок. Во родот Смокарци се знае следниов родослов: Ксентије (жив на 77 години во 1972 година)-Миајле-Марко-Ѓоро, кој имал куќа во Старо Село.
- Доселеници: Тувекџини (1 к.) и Стојмен (1 к.), доселени се, но не знаат од каде.
Иселеништво
Во Пезово некогаш постоел и родот Поповци, чии куќи се наоѓале во денешното маало Војинци. Од тој род потекнуваат неколку селски свештеници.[3]
Се знае за следниве иселени родови во селата Шупљи Камен (Клинчарови, 5 к.), Коњух (Димитрини, 2 к.), Проевце (Дисе, 1 к.), Кутлибег (Барабунци, 5 к.), Дрдаци, 4 к. и Анчеви, 2 к.), Романовце (Пезовчани, 2 к.) и Бујковци (Грозданоски, 1 к.).[3]
По Втората светска војна, голем дел од младите од селото се иселиле во околните градови.[3]
Remove ads
Општествени установи

- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Пезово било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Пезово, се наоѓале и селата Габреш, Горно Ѓуѓанци, Градиште, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Стањевци и Строиманци. Селото било дел од некогашната Општина Градиште во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Габреш, Градиште, К’шање, Кутлибег, Кучкарево и Пезово.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1140 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во него е опфатено и селото Кутлибег.[16]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[5]
- Вукосија — населба од бронзеното, раножелезното, хеленистичкото и доцноантичкото време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква, изградена во XVIII век.[4]
Редовни настани
- Слави[3]
- Петковден (8 август) — селска и црковна слава
Личности
- Родени во и по потекло од Пезово
- Дедо Пешо Иванов (1843 – 1905) — долгогодишен кмет на Пезово и деец на ВМРО;
- Илија Стефанов — револуционер на ВМРО, четник на Боби Стојчев[19]
- Крсте Денков — револуционер на ВМРО, четник на Апостол Петков[20]
- Пешо Велков — револуционер на ВМРО, четник на Тодор Паница[21]
- Стојан Поп Манасиев — револуционер, деец на ВМРО[22]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads