Ронто-

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ронто- (симбол: р, меѓун. r) — претставка на мерни единици во метричкиот систем што означува фактор од 10−27 или 0.000000000000000000000000001. Бил воведен во 2022 година, истовремено со неговата инверзна претставка рона- .[1]

Ронто е изведен од грчкиот број ἐννέα (ennéa, „девет“) и претставува 1000−9. Буквата „r“ била избрана произволно бидејќи не се користела за други претставки на мерни единици или широко користена за други единици.[2]

Може да се користи за наведување масата на субатомска честичка, на пример:

10 ронтометри (рм) е должината на едната страна на квадратот чија плоштина е еден барн, единица на целниот пресек што се користи во јадрената физика.

Просечниот животен век на бозоните W и Z е 300 ронтосекунди (rs).[3]

Енергијата на фотонот на 1 MHz е 0,66 ронтоџули (rJ).[4][5]

MeV / c2 (мегаелектронволт по брзина на светлината на квадрат), единица која често се користи во физиката на честички, е еквивалентна на 1,79 ронтограми (rg).[6]

Повеќе информации Претставка, Макед. симбол ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads