Росици
поранешно село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Росици или Росавско — некогашно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Суровичево, Западна Македонија, Грција. Претстанало да постои во XVII век заради негово поплавување од водите на Петерското Езеро.
Remove ads
Географија
Росици се наоѓало во северниот дел на Петерското Езеро, меѓу селата Пателе и Петерско.[1] Било сместено во југозападното подножјето на високиот рид Најдово Трло (896 м)[2]. Се наоѓало веднаш до денешното полуостровче Преображение на 3 км северозападно од Пателе, на кој стои параклисот „Св. Преображение“ изграден во 1929 г.
Историја
Месноста за првпат е населена во неолитско време, за што сведочи Пателската неолитска населба, населена од 5500 до 4500 г. п.н.е.[3] На самото место на Росици се откриени траги од раното бакарно време.[4][5]
На север се наоѓа возвишението Кале, на кое се наоѓала утврдена населба или воени објекти.
Според преданието, селото е потопено во втората половина на XVII век од надојдената вода на Петерското Езеро. Истовремено се поплавиле и селата Рудник и Острово, иако тие опстојуваат до денес.[1] Населението на Росици се преселило во Пателе.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads