Суровичево (општина)
општина во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Суровичево (грчки: Δήμος Αμυνταίου, Димос Аминдеу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Суровичево (Аминдео). Општината ги опфаќа селата во најсеверниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) околу Петерското и подрачјето на запад од Островското Езеро. Според традиционалното сметање, општината опфаќа дел од Леринско, помал дел од Кајларско и едно село од Костурско.
Remove ads
Населени места
Општината Суровичево е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на шест стари општини: Суровичево, Ајтос и Чалџиево и општинските целини Мокрени, Лехово и Невеска.[1]
Општинска единица Ајтос
Општинската единица е со седиште во Ајтос и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:


- Општински оддел Ајтос
 - село Ајтос (Αετός, Аетос)
 
 - Општински оддел Горицко
 - село Горицко (Αγραπιδιές, Аграпидиес)
 
 - Општински оддел Долно Неволјани
 - село Долно Неволјани (Βαλτόνερα, Валтонера)
 
 - Општински оддел Зелениче
 - село Зелениче (Σκλήθρο, Склитро)
 
 - Општински оддел Љубетино
 - Општински оддел Рудник
 - село Рудник (Ανάργυροι, Анаргири)
 
 - Општински оддел Свети Тодор
 - село Свети Тодор (Черкезќој; Λιμνοχώρι, Лимнохори)
 
 - Општински оддел Сребрено
 - село Сребрено (или Сребрени; Ασπρόγεια, Аспрогија)
 
 
На територијата на општинската единица е и напуштеното Ново Село (Άνω и Κάτω Νέα Κόμη, Ано и Като Неја Коми).
Општинска единица Лехово

Општинската единица има само едно населено место — селото Лехово (Λέχοβο).
Кон територијата на општинската единица Лехово е присоединет и атарот на некогашното село Врапчин (Χειμαδιό, Химадио), срушено во 1980 г.
Општинска единица Мокрени

Општинската единица има само едно населено место — селото Мокрени (Βαρικό, Варико). Ова е единственото костурско село во општината.
Општинска единица Невеска

Општинската единица има само едно населено место — селото Невеска (Νυμφαίο, Нимфео).
Општинска единица Суровичево
Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:


- Општински оддел Суровичево
 - град Суровичево (Αμύνταιο, Аминдео)
- населба Аналипси (Ανάληψη) новосоздадено
- село Сотир (Σωτήρας, Сотирас)
 
 - Општински оддел Долно Врбени
 - село Долно Врбени (само Врбени или Екши Су; Ξινό Νερό, Ксино Неро)
 
 - Општински оддел Горничево
 - село Горничево (Κέλλη, Кели)
 
 - Општински оддел Гулинци
 - село Гулинци (Ροδώνας, Родонас)
 
 - Општински оддел Петерско
 - село Петерско (Πέτρες, Петрес)
 
 - Општински оддел Пателе
 - село Пателе (Άγιος Παντελεήμονας, Агиос Пантелејмонас)
 
 - Општински оддел Спанци
 - село Спанци (Φανός, Фанос)
 
 - Општински оддел Церово
 - село Церово (Κλειδί, Клиди)
 
 
Општинска единица Чалџиево
До 20-те години на XX век селата имале исклучиво турско население, кое по Лозанскиот договор е иселено во Турција, а на негово место доаѓаат понтиски Грци. Опшинската единица Чалџиево со седиште во Чалџиево (Филотас) ги опфаќа следниве општински оддели населени места:

- Општински оддел Чалџиево
 - село Чалџиево (Чалџилар; Φιλώτας, Филотас )
 
 - Општински оддел Елевиш
 - село Елевиш (Λεβαία/Λακκιά, Левеја/Лакија)
 
 - Општински оддел Коларица
 - село Коларица (Μανιάκι, Мањаки)
 
 - Општински оддел Ќоселер
 - село Ќоселер (Αντίγονος, Антигонос)
 
 - Општински оддел Муралар
 - село Муралар (или Моралар; Πελαργός, Пеларгос)
 
 - Општински оддел Нови Град
 - село Нови Град (Βέγορα, Вегора)
 
 - Општински оддел Уклемеш
 - село Уклемеш (или Келемез; Φαράγγι, Фаранги)
 
 
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


