Росиште

From Wikipedia, the free encyclopedia

Росиште
Remove ads

Росиште или точка на оросувањетемпература до која влажниот воздух мора да се олади (100% релативна влажност на воздухот), при постојан притисок, за да започне кондензацијата на водата. Оваа температура може да се постигне со ладење на воздухот до заситување со непроменета количина на водена пареа. Тогаш стварниот притисок на водената пареа станува еднаков на рамнотежниот притисок. При температура на точката на оросување или пониска температура, капките вода се создаваат со кондензација, на растенијата се појавува роса или слана, во зависност од тоа дали температурата на точката на оросување е повисока или пониска од 0 °C.

Thumb
Дијаграмот го прикажува максималниот процент на водена пареа во воздухот, кој може да биде над морското ниво, во зависност од температурата. Однесувањето на водената пареа не зависи од присуството на други молекули во воздухот.

Температурата на росиштето е поврзана со влажноста на воздухот. Високата релативна влажност покажува дека температурата на росиштето е многу блиску. Релативна влажност од 100% покажува дека температурата на росиштето е еднаква на стварната температура и дека воздухот е максимално заситен со водена пареа.[1]

Температурата на росиштето е важна во воздухопловството, бидејќи пилотот може да пресмета кога ќе се појави мраз или магла на карбураторот и приближно може да ја пресмета висината на облаците.

Remove ads

Поврзаност со човековата удобност

Кога температурата на воздухот е висока, телото поради топлинска саморегулација користи потење за да се олади. Колку телото е потопло, толку посилно ќе биде потењето за да се одржи нормална телесна температура. Количината на потење зависи и од релативната влажност на воздухот. Ако воздухот е заситен со влага, потта нема да испари, што може да доведе до топлотен удар. Ако потта не може да испари поради заситениот воздух, човекот се чувствува непријатно. Ако воздухот брзо се отстранува од кожата, тогаш испарувањето на потта ќе биде побрзо, поради ветре или вентилатор, па лицето ќе се чувствува поудобно. Влажниот топломер користи и испарувачко ладење и затоа понекогаш се користи за одредување на степенот на удобност.

Непријатност се јавува и при многу ниски температури, под -30 °C, кога сувиот воздух може да предизвика пукање и иритација на кожата. OSHA (англиски:Occupational Safety and Health Administration Управа за безбедност и здравје при работа ) препорачува удобност помеѓу 20 и 24,5 °C, со релативна влажност од 20 до 60%.[2]

Луѓето кои се навикнати на континентална клима често се чувствуваат непријатно кога температурата на росиштетот достигне 15 до 20 °C.

Повеќе информации Температура на росиштето °C, Човечко чувство за удобност ...
Remove ads

Мерења

Постојат уреди за мерење на температурата на росиштето во широк опсег. Најчесто тие се состојат од полирано метално огледало по кое воздухот струи и го лади. Кога ќе се појават капки вода, се чита температурата на росиштето.

Thumb
Дијаграм на зависност на температурата на росиштето од температурата на воздухот за неколку нивоа на релативна влажност. Се заснова на приближната формула Огист Рош Магнус

Пресметка на температурата на росиште

Може да се направи многу добра приближна пресметка за температурата на росиште Tr, ако се познати релативната влажност на воздухот RH и стварната температура на воздухот T, и таа изнесува:

каде:

температурата треба да биде изразена во °C, а ln се однесува на природниот логаритам . Константите се:

a = 17,271
b = 237,7 °C

Изразот се заснова на приближното пресметување на Огист-Рош-Магнус, за заситена водена пареа во воздухот, како функција од температурата. Важи за областа:[3]

0 °C < T <60 °C
1% < RH < 100%
0 °C < T r <50 °C

Едноставна приближна вредност

Може да се пресмета и едноставна приближна вредност за температурата на росиште, ако се познати температурата на сув термометар T и релативната влажност на воздухот RH . Точноста на овој израз е ±1 °C, ако релативната влажност е над 50%. Важи:

или

Од овој израз може да се изведе правило: за секои 1 ºC разлика помеѓу температурата на точката на оросување и температурата на сув термометар, релативната влажност се намалува за 5% .

Поточна вредност на температурата на росиште

Пресметка според NOAA (англ. National Oceanic and Atmospheric Administration Национална управа за океани и атмосфера ):

каде:

RH релативна влажност, а е температурата на точката на росиште, во °C
и се температурите на сув и влажен термометар, во °C
притисок на заситената водена пареа, во милибари, при температура на сув термоемета
притисок на заситена водена пареа, во милибари, при температура на влажен термометар
вистински притисок на водена пареа, во милибари
атмосферски притисок на местото каде што се мери влажниот воздух, во милибари (исто се h Pa ). .

За уште поголема точност, се користи АрденБаковата равенка за пронаоѓање на притисокот на водена пареа.[4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads