СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола

средно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

СОУ„Јосип Броз-Тито” во Битола — една од најстарите образовни институции од современ трип на просторите на Македонија, со големо реноме и почит. Таа е првата гимназија во ослободена Македонија во која на 6 февруари 1945 година почнува да се изведува настава на македонски јазик. Секоја година во училиштето настава посетуваат околу 800 ученици.

Кратки факти
Remove ads

Основање и развој

Почетокот на нејзиното постоење се врзува со периодот на Османлиското Царство, на крајот од XIX век. Зградата во која денес работи ова средно училиште е изградена во 1882 и била приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Тој во 1892 за 600 златни турски лири ја продал куќата на општината, а таа ја претворила во полна гимназија, во која наставата се изведувала на турски јазик. Во неа учеле исклучиво машки деца, и тоа од побогатите турски семејства во градот. За потребите на гимназијата биле носени професори од Солун.

Балканските војни донеле промена на власта во Битола, а со тоа и во битолската гимназија. По заземањето на градот од страна на српската војска, во ноември 1912 година, српските власти ова училиште целосно го промениле и наставата започнала да се одвива на српски јазик. Со мали паузи во периодот на најжестоките борби во Првата светска војна, оваа гимназија продолжила да работи како српска сѐ до 1941 година, односно до почетокот на Втората светска војна. Значењето на ова училиште е уште поголемо, поради тоа што меѓу двете војни во Македонија имало само две средни училишта, во Скопје и Битола, поради политиката на денационализација што српската власт ја спроведувала на овие простори.

По поразот на Југославија и окупацијата на Македонија, новата бугарска власт гимназијата ја претвора во полна гимназија, во која се предава на бугарски јазик. Најголем дел од професорите кои предавале во гимназијата биле донесени од Бугарија.

Битолската гимназија има особено место во историјата на македонскиот народ и поради тоа што таа е првото средно училиште во кое започнала настава на македонски јазик. Тоа се случило на 6 февруари 1945, во период кога сѐ уште траеле борбите во Втората светска војна.

Thumb
Предната фасада на гимназијата

Претходното име на гимназијата било „Гоце Делчев”, но во 1952 година со одлука на Наставничкиот совет името е променето во „Јосип Броз Тито”, а тоа име го носи денес.

Remove ads

Школување

Проектни активности

Изборни предмети за II година

Изборни предмети за III година

Природно-математичко подрачје - Комбинација А
Природно-математичко подрачје - Комбинација Б
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација А
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација Б
Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација А
Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација Б
Remove ads

Учество на натпревари

Освоени награди

  • Наградата „4 Ноември“ во 1975 година
  • Наградата „Климент Охридски“ во 1976 година
  • Како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања во воспитно – образовната дејност од посебно значење за СР Македонија и е доделена диплома на 24 јуни 1976 година.
  • Награда „Орден заслуга за народ со златна ѕвезда“ од претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито во 1976 година.

Познати личности кои учеле во ова училиште

Членови на МАНУ

Во СОУ Гимназија Јосип Броз-Тито со средно образование се здобиле 18 членови на Македонска академија на науките и уметностите од кои четворица биле и основоположници:

Remove ads

Познати личности кои предавале во ова училиште

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads