Салтакли (Лагадинско)

село во Лагадинско, Егејска Македнија From Wikipedia, the free encyclopedia

Салтакли (Лагадинско)map
Remove ads

Салтакли, Салтикли или Салдакли (грчки: Καλόκαστρο, Калокастро; до 1927 г. Σαλτικλή, Салтикли[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Кратки факти Салтакли Καλόκαστρο, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 30 км западно од градот Сер, во североисточното подножје на Богданска Планина.

Историја

Средновековие

Веднаш јужно од Салтакли лежи средновековната тврдина Хисар.[4]

Во Отоманското Царство

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Салдакли било село во Лагадинската каза со 200 жители Турци.[5]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 281 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 180 лица.[3] Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Така, на пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 315 жители.[3]

Меѓу селата Салтакли и Орљак за време на Првата светска војна постоела британска полска воена болница, на чие место подоцна се направени Британските воени гробишта.

Во 1960-тите дошло до значаен пад во бројот на жители поради иселување на населението во поголемите градови.

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads