Орљак
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Орљак (грчки: Στρυμωνικό, Стримонико; до 1927 г. Όρλιακο, Орљако[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено населено исклучиво со Македонци, а денес тие се огромно мнозинство.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 20 км западно од градот Сер и на 65 км од Солун. Лежи на десниот брег на реката Струма, во североисточното подножје на Лахненските Планини.[4]
Историја
Средновековие
На 2,5 км југозападно од Орљак, на Лахненските Планини лежат остатоците од тврдината Кале. Селото е спомнато во пописот на темата Солун од 1321 г.: „εις το χωρίον τον Ουρλίακον“ (во село Урљак). Името доаѓа од македонскиот поим орљак што значи „множество птици“.[5]
Во Отоманското Царство
Според грчки извори селото е основано од луѓе дојдени околу 1000 г. од планината Орљак во Гребенско, Мечово и Меглен[6]
Во XIX век Орљак било мешан македонско-турски чифлик во Серската каза. Во 1878 г. чифликот е купен од Георгиос Хадџгеоргиос кој во него привлекол христијани од околните села.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орљак (Orliak) било село во Серската каза со 152 домаќинства сочинети од 130 муслимани и 340 Македонци.[7][8]
Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Орљак:
„ | Орљак или Орлек е село христијанско-муслиманско; една црква, една џамија; христијаните се Македонци,[9] а муслиманите се Турци Коњари; се наоѓа на 2 часа од Нигрита, а од Сер на 5 часа. Лежи на патот Сер - Солун.[10] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Орљак, на З од Секавче, на подножјето на планината Карадаг. Стариот пат за Солун минувал низ ова село; сега патот го заобиколува. Тука има анови за патници. Во Орљак имало фабрика за буби, сега затворена. Еден дел е чифлик на солунецот Керим-ефенди. Црква, во која се служи на грчки. Серскиот силогос во последно време обраќа сериозно внимание на ова важно важно село: плаќа 1 учителка. 70 куќи Македонци.[9] Има и Турци.[11] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Орљак има 600 жители Македонци и 450 Турци.[7][12]
Сите христијани од Орљак биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Орљак (Orliak) живееле 1.560 Македонци патријаршисти, 20 Грци, 66 Власи, 12 Албанци и 102 Роми. Во селото работело грчко основно училиште со 2 учители и 32 ученици.[7][13]
Во 1909 г. чифликот им е продаден на жителите.[6]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 474 жители.[3] Во Првата светска војна селото било на фронтовата линија и затоа жителите морале да се преселат во Негован и Лагадина. По војната во 1918 г. тие се вратиле. На пописот од 1920 г. е забележан пораст на 669 жители.[3] Меѓу селата Салтакли и Орљак постоела британска полска воена болница, на чие место подоцна се направени Британските воени гробишта.
Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Се иселиле и извесен број македонски семејства.[3] Властите на нивно место довеле 50-60 семејства Грци од Мала Азија и Понд како и 30 семејства од Источна Тракија (Трапезунд, Самсун, Смирна, Зигди, Ќутахија).[6] Во 1927 г. селото е преименувано во Стримонико, по грцизираниот назив на реката Струма.[14]
На пописот од 1928 г. Орљак имал 911 жители,[6] од кои 131 лица (40 семејства) биле грчки дојденци, а останатите биле македонски мештани.[15] Во 1930 г. е отворено новото училиште.[16]
За време на Втората светска војна селото било под германската окупација. Орљак настрадал во Граѓанската војна.[6]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Антониј“ од 1703 г., изгорела во 1982 г. а потоа била обновена.
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ од 1972 г.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads