Самоилово

село во Општина Ново Село From Wikipedia, the free encyclopedia

Самоилово
Remove ads

Самоилово — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Thumb
Куќи во селото
Thumb
Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Thumb
ОУ „Мануш Турновски“
Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед од падините на Беласица на селото Самоилово во подножјето на планината Огражден

Самоилово се наоѓа во подножјето на планината Огражден, на надморска височина од 230 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 25 километри

Историја

Самоилово е најмлада населба во Струмичкиот регион, основана во 1971 година од жителите на соседните села Бадилен (70 %) и Бајково (30 %).

Тоа го добило името според Цар Самоил, односно според тоа што во близина се случила познатата Беласичка битка од 29 јули 1014 година, водена помеѓу македонската војска на Цар Самуил и византиската на Василиј II[2]. Први жители и основачи на селото во 1971 година биле Костадин Митрев и Стојан Василев.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 348 жители, од кои 345 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 218 Македонци, 1 Србин и 16 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи

Во 1996 година била изградена црквата „Св. Богородица“, а селската слава се одбележува на 28 август.

Училиштето ОУ „Мануш Турновски“ со работа во 1973 година, а новата училишна зграда датира од 1986 година. Селото е електрифицирано, има водовод, а во близина поминува реката Василица.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1790 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 302 гласачи.[10]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads