Семјуел Бекет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Семјуел Бекет
Remove ads

Семјуел Бекет (англиски: Samuel Beckett; 13 април 1906 22 декември 1989 ) — ирски писател, драматург, романописец и поет и претставник на т.н. „театар на апсурдот“. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1969 година за творештвото кое, во новите форми на романот и на драмата, мизеријата на човекот ја претвора во радост.[2].

Кратки факти Семјуел БекетSamuel Beckett, Псевдоним ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Семјуел Бекет, околу 1970 година

Семјуел Бекет е роден во Фоксрок, во близината на Даблин, Ирска во 1906 година. Во 1923 година се запишал во Тринити колеџот во Даблин, каде што изучувал современи јазици (француски и италијански), а дипломирал во 1927 година. Во 1928 година станал лектор по англиски јазик во Еколнормал во Париз. Во тоа време, со посредство на еден ирски пријател, се запознал со Џејмс Џојс. Во 1930 година се вратил во Даблин, каде се вработил како асистент по романски јазици на Тринити колеџот. Меѓутоа, не бил заинтересиран за професорската работа и го напуштил универзитетот по само четири одржани часови и заминал во Германија каде живеел неколку години, без постојана работа и селејќи се од место во место. Во 1933 година се вратил во Даблин, потоа одредено време живеел во Лондон, па пак се вратил во Даблин, а во 1937 година се преселил во Париз. Почетокот на Втората светска војна го затекнал во Ирска, но веднаш се вратил во Франција и му се придружил на движењето на отпорот. Поголемиот дел од војната го минал во слободниот дел на Франција. Бекет умрел во 1989 година.[3][4]

Thumb
Гробот на Самуел Бекет на Гробиштата Монпарнас
Remove ads

Творештво

Thumb
Алеа 'Семјуел Бекет, Париз, Франција

Творештвото на Бекет претставува поглед врз човековата култура на формален и филозофско минималистички начин. Како ученик, асистент и пријател на Џемс Џојс, Бекет се смета за еден од доцните модернисти; како вдахновение за многу подоцнежни писатели, тој понекогаш се смета и за еден од првите постмодернисти. По познанството со Џојс, Бекет напишал еден есеј за Џојсовиот роман „Финегановото бдеење“, а од тоа време потекнува и обемниот есеј „Пруст“ (неговиот магистерски труд), објавен во 1931 година. Во 1935 година ја објавил првата збирка раскази, „Повеќе бодежи отколку клоци“ (More Pricks than Kicks), а истата година се појавила и неговата прва поетска збирка, „Ехините коски и други преципитати“. Помеѓу 1934 и 1937 година го пишувал романот „Марфи“, издаден во 1938 година, со финансиска помош на богатата филантропка Пеги Гугенхајм која ги поддржувала авангардните сликари и писатели. По преселбата во Париз во 1937 година, почнал да пишува и на француски јазик. Периодот од 1946 до 1950 година е најплодниот дел од неговиот живот зашто тогаш настанале неговите најважни дела: романите „Мерсие и Камие“ (објавен дури во 1970 година), „Молоа“ (1951), „Малон умира“ (1951), „Безимениот“ (1953), „Вот“ (1953). расказите кои подоцна биле објавени во збирката „Новели и текстови за ништо“, како и драмите „Чекајќи го Годо“ (1952) и „Крајот на партијата“ (1956), кои му донеле светска слава и Нобеловата награда во 1969 година. Следните пиеси: „Краповата последна нишка“ 1959, „Среќни денови“ 1961 и „Игра“ (1963) го зацврстуваат како водечка фигура во театарот на апсурдот. По овој период, Бекет пишувал претежно поезија и кратки прозни текстови, како: „Како што е“ (1961), „Замисли мртва фантазија“ (1965), „Друштво“ (1981), „Лошо видено, лошо речено“ (1983), радио-драми и едно филмско сценарио. Некои од своите пиеси ги поставувал самиот во Лондон и во Западна Германија.[3][4]

Thumb
Портрет на Семјуел Бекет од Реџиналд Греј, насликан во Париз, 1961 година (од колекцијата на Кен Вајт, Даблин).
Thumb
Чекајќи го Годо на Семјуел Бекет се смета за суштината на Театарот на апсурдот. Двајцата протагонисти на претставата, Владимир и Естрагон (на сликата, во продукција од 2010 година во Училиштето Доон, Индија, го потенцираат апсурдот на егзистенцијализмот кај Бекет.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads