Самуел Есенде
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Самуел Есенде (роден на 30 јануари 1998 , во Монфермеј) – француско-конгоански фудбалер, напаѓач на Аугсбург и на репрезентацијата на ДР Конго.
Remove ads
Клупска кариера
Есенде се приклучил на Академијата на Париз Сен Жермен на 12-годишна возраст и ја поминал целата своја младинска фудбалска кариера во клубот.[1] На 10 август 2018 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со Париз Сен Жермен со важност до 1 јуни 2021 година,[2] сепак правејќи настапи само за вториот тим во четвртото ниво на францускиот фудбал.
На 22 август 2018 година, Есенде бил позајмен на екипата на Ојпен во Белгија.[3] Тој го имал своето професионално деби со Ојпен во победата со 1–0 над Р. Е. Мускрон на 25 август 2018 година.[4]
Во август 2021 година, тој се приклучил на францускиот третолигаш Авранш, каде останал две години.[5] Во летото 2021, тој потпишал за екипата на По со која настапувал една сезона во Лига 2, каде на 32 натпревари постигнал 7 гола. Следната година потпишал за Кан[6], кој се натпреварувал во истата дивизија, забележувајќи 28 настапи и 4 гола во сезоната 2022-2023.
На 20 јули 2023, Есенде бил позајмен на португалскиот клуб од Примеира лига, Визела.[7] Во дресот на Визела, тој ја одиграл најдобрата сезона во кариерата постигнувајќи 15 гола во првенството, но и покрај тоа што во јануари клубот го откупил од Кан[8] на крајот на сезоната морал да го продаде напаѓачот поради испаѓањето од лигата.
На 28 јуни 2024 година, Есенде потпишал четиригодишен договор со германскиот клуб Аугсбург.[9] Тој постигнал гол, на неговото деби во Бундеслигата, во ремито 2–2 против Вердер Бремен.[10]
Remove ads
Репрезентативна кариера
Откако во 2024 година се согласил да го претставува ДР Конго, земјата на неговото потекло,[11] тој го направил своето деби за репрезентацијата на 6 јуни 2024 година, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 против Сенегал, што завршил 1-1.[11] Својот прв гол за ДР Конго го постигнал на 5 јуни 2025, во победата со 1-0 над Мали во пријателски натпревар.
Хронологија на репрезентативните настапи
Remove ads
Статистика
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 19 јануари 2025.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads