Примеира лига 2023-2024
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Примеира лига 2023-2024 (позната и како Liga Portugal Betclic 2023-2024,[1] поради спонзорски причини) било 90-тото издание на Примеира лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги во Португалија. Сезоната започнала на 11 август 2023, а завршила на 19 мај 2024.
Екипата на Бенфика влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Сегунда лига 2022-2023. Тие ги замениле Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во второто ниво за сезоната 2023-2024.
На 5 мај 2024, Спортинг Лисабон станал шампион во ова издание на лигата, на две кола пред крајот, по поразот на нивниот најголем конкурент Бенфика со 2–0 на гости кај Фамаликао, освојувајќи ја 20-тата првенствена титула во историјата на клубот и прва од сезоната 2020–2021. Тие, заедно со Бенфика, исто така, се квалификувале за Лигата на шампионите 2024-2025. Третопласираниот Порто, кој воедно бил и освојувач на Купот на Португалија, се квалификувал за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2024-2025, а за истото натпреварување се квалификувала и четвртопласираната Брага, која ќе започне од второто квалификациско коло. Петтопласираната екипа, Виторија Гимараеш, се квалификувала за УЕФА Лигата на конференции 2024-2025.
Трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Визела, Шавеш и Портимоненсе, последните како поразени во баражот за опстанок.
Најдобар стрелец во оваа сезона бил Виктор Ѓекереш од шампионот Спортинг Лисабон со 29 гола.
Remove ads
Општо
Формула
Откако Португалија паднала од шесттото на седмото место на УЕФА коефициентот по крајот на сезоната 2022–2023, загубила едно место во Лигата на шампионите и сега само двете најдобропласирани екипи можат да се квалификуваат за ова натпреварување (шампионот влегува директно во групната фаза, а второпласираниот започнува од третото квалификациско коло). Победникот на Купот на Португалија се квалификува за групната фаза на Лига Европа, додека третопласираната екипа се квалификува за второто квалификациско коло во истото натпреварување. Четвртопласираната екипа, пак, се квалификува за второто квалификациско коло на Лигата на конференции.[2][3] Претпоследно и последнопласираната екипа испаѓаат во Сегунда лига, додека екипата која ќе заврши на 16-тото место, ќе игра бараж за опстанок со третопласираната екипа од второто ниво, по кои победникот ќе игра во Примеира лига следната сезона, додека поразениот во Сегунда лига.
Промена на екипи
Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи во лигата, кои избориле промоција во Сегунда лига 2022-2023, заменувајќи ги Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи испаднале во претходната сезона. Мореиренсе се вратиле во највисоката фудбалска дивизија на Португалија после само една година отсуство, Фаренсе после две, додека Ештрела Амадора изборила промоција во Примеира лига за првпат во нејзината историја од реосновањето на клубот во 2020 година, или по четиринаесет години отсуство, ако се смета кога за последен пат во лигата се натпреварувал клубот со истото име кој банкротирал во 2011 година.
Оваа сезона, исто така, била одбележана како прва сезона од 1984–1985 во која нема екипи од Азорите или Мадејра островите во првата лига.
Remove ads
Екипи
Стадиони и локации
Remove ads
Личности и спонзори
Завршна табела [4]
Шампионскиот тим
Remove ads
Бараж промоција-испаѓање
Во баражот за промоција и испаѓање играат шеснаесеттопласираната екипа во Примеира лига и третопласираната екипа во Сегунда лига.
Статистика
Екипна
Лидери на табелата
Создавање на пласманот
Поединечна
Листа на стрелци
Aggiornata al 18 maggio 2024.
Remove ads
Награди
Месечни награди
Годишни награди
Тим на годината[5] |
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads