Санстефанска Бугарија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Санстефанска Бугарија
Remove ads

Санстефанска Бугариjаиредентистички поим со кој се опфаќа предложената територија на Бугарија (автономно, вазално кнежевство на Отоманското Царство со христијанска влада и народна милиција) во периодот (3 март - 13 јули 1878) дефинирана по склучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу Руската Империја и Отоманското Царство во 1878.[1] Тој проект никогаш не се остварил, но одиграл огромна улога во формирањето на бугарскиот национализам.

Thumb
Граници на Бугарија според Санстефанскиот договор
Thumb
Бугарската земја според кнез Черкаски 1877 година

Санстефанска Бугарија е држава која би се создала по Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија, и како таква таа би била најголема држава на Балканот во тоа време.

Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.

Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамошта. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот Залив.

Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Струмскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно Море, оставајќи го Едрене во Османлиското Царство, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.

Remove ads

Поврзано

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads