Санта Марија (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Санта Марија (португалски изговор: [ˈsɐ̃.tɐ mɐˈɾi.ɐ]), португалски за Света Марија) е остров кој се наоѓа во источната група на Азорскиот архипелагот (јужнo од островот Саун Мигел) и најјужниот остров на Азорите. Островот првенствено е познат по неговите бели песочни плажи, сувото и топло време.
Remove ads
Историја

Првите записи за група острови во Атлантикот потекнуваат од патувањата на португалските морнари за време на владеењето на Кралот Динис (1279-1325) и неговиот наследник, кралот Афонсо IV (1325-1357). Овие информации биле неосновани и неофицијални до 1427 година кога морепловецот Диого де Силвес го пронашол островот Санта Марија (во тоа време на наутичките мапи запишан како Ила дос Лобос или Ила ду Ову) во тек на неговото патување за Мадејра.[1] Легендата вели дека на денот кога го откриле островот, Гонсалу Вељо Кабрал и неговиот екипаж имале миса (на празникот на Богородица), кога некој го забележал далечниот остров и извикал: "Санта Марија": Овој назив потоа ќе се поврзува постојано за островот. Откривањето на Санта Марија му се припишува на Гонсалу Вељо Кабрал во 1432 година (а не на Силвес), бидејќи откривањето не било "признато официјално" додека не било прогласено од страна на португалската Круна, која го завела под името на Кабрал, како командант на патувањето (тој веќе заповедал со две истражувачки патувања во 1431-1432 година).[2][3]
Според легендата екипажот на Кабрал се истоварил на мала плажа во северозападниот дел Понте дос Канестратес, каде здогледале популација ушести фоки, па плажата ја нарекле Плаја дос Лобос (од општ португалски lobos-marinhos, или монашки фоки). Капетанот и неговиот екипаж го истражиле островот, собирајќи различни примероци на непознати растенија, како и примероци од почвата и водата за да ги дадат на Инфанте како докази за нивното откритие.[4] Инфанте ги примил овие "подароци" во 1432 година и веднаш наредил на островот да бидат испратени стада, додека тој го организирал планот за колонизација на островот. Во населувањето на Азорите, Круната применувала систем кој се покажал успешен на островот Мадејра во 1425 година. Новите земји им биле доверени на благородници, донатарио и луѓе од доверба (капетани) кои вршеле надзор над колонијата, додека да се примени кралскиот закон.[5] Господарот или донатарио за Азорите бил Инфанте Хенри Морепловецот кој имал „одврзани раце“ да ја спроведува кралската власт (освен во ковањето пари и во судството). Донатариото, исто така, имал одговорност за избор на локалните администратори, како што кај некои историчари се познати како донатариски капетани. Гонсалу Вељо, со поддршка на Изабела, бил номиниран за прв капетан на островот Санта Марија и (подоцна) на Саун Мигел, каде што тој пристигнал во 1439 со колонисти, со своите семејства и неколку грла добиток.[6][7] Од 1460 година, хроничарот Диого Гомес де Синтра го идентификувал островот како Ила де Гонсалу Вељо.[8]
Колонизацијата се зголемила помеѓу 1443 и 1447 година, пред сè со доселеници од португалските Алентежо и Алгарве, кои го населиле северниот брег по Баја дос Анжос (Плажата на анѓелите), а подоцна и во областа на Вила ду Порту (во југозападниот брег). Оваа област ќе се нарекува Вила ду Порту а општината исто така ќе го усвои името до 1470 година.[9] Од крајот на 16 век, Санта Марија била поделена на три парохии: Носа Сењора да Асунчао (Вила ду Порту), Санта Барбара и Еспирито Санто. Владеачките класи, семејствата[10] кои ги контролирале правно-административни органи на општината и парохиите биле засилени со бракот и класата, а после Ибериската Унија оваа концентрација била зголемена.[11]
Слично како и другите острови на архипелагот, Санта Марија била жртва на зачестени напади од пирати. Во една од тие битки, кастиљски брод со 40 мажи се истоварил на пристаништето на Вила ду Порту (во 1480), каде што се судриле со жителите под команда на Капетанот Жоао Соарес (внук од Гонсау Вељо и наследник на капетанијата на Санта Марија и Саун Мигел). Жоао Соарес на крајот бил фатен од страна на Шпанците, кои во пранги го однеле во Кастиља. По ред пиратски напади, населението станало непријателско кон патниците. Во февруари 1493 година, Кристофер Колумбо не бил добредојден и грубо го пречекале, кога тој и неговиот екипаж биле принудени поради бурата да застанат на островот во Баја дос Анжос при нивното враќање од нивното познато "откритие" на Новиот Свет. Неколку од неговите членови на екипажот биле заробени и по сложени преговори најпосле биле ослободени. Благодарни за нивното ослободување, одржале миса во стариот параклис[12] пред тој да се врати во Шпанија. Иако релативно далеку од правците на бродовите кои патувале за Индија, островот постојано бил напаѓан од страна на француски пирати (1553),[13] а потоа, и од страна на француски војници (1576),[14] од Англичаните[15] и Маврите во 1616[16] и 1675[17]. До 17 век, серија тврдини биле изградени по должината на брегот за населението да се брани од овие напади, вклучувајќи ја и Тврдината на Сао Брас (Вила ду Порту) и (срушената) Тврдина на Сао Жоао Батиста во Праја Формоза.[18]
Во 1580 година, при кризата на Ибериската Унија во Португалија, островот првично го поддржал Антонио од Крато, но со притисок од Филип II од Шпанија во Азорите, Антонио, се повлекол и заминал од Санта Марија.[19][20] Во текот на овој период, островот зависел од Генералниот Гувернер на Азорите. По Португалската Реставрациска Војна (1640), вестите биле дочекани со прослави а капетан-мајор станал Брас де Суза.
Во текот на Португалската Граѓанска Војна (1828-1834), граѓаните ги поддржале правата на Марија II на престолот на Португалија, за разлика од Генералниот Гувернер на Азорите (и на островот на Саун Мигел) кој го поддржал Мигел.
На 8 февруари 1989 година, американски Боинг 707 се урнал во Пику Алту, при што загинале сите 137 патници и 7 членови на екипажот. Имало недоразбирање меѓу кулата и пилотите за соодветната надморска височина во текот на нивниот пристап.
Remove ads
Географија

Островот Санта Марија е триаголник, опфаќа 97.4 квадратни километри и се одликува со два геоморфолошки региона:[21]
- Западниот дел е сува глина и зафаќа две третини од островот, со својата највисока точка 277 метри надморска височина (во близина на Пикињос). Поради непропустливоста на почвата, овој регион е јаловиште со помалку лиснати растенија или треви. Населувањата биле главно на северните и јужните точки (Анжос и Вила ду Порту) и 65% од сегашната популација живее во овој регион, која ги вклучува парохиите на Вила ду Порту, Сао Педро и Алмагреира. Аеродромот Санта Марија се наоѓа по должината на западниот брег искористувајќи го рамниот терен и недостатокот на природни пречки. Речни долини долж север и југ ги делат повеќето заедници.
- Источната третина од островот е составена од еродирани ридови и планини, покриени со области на густа растителност, пасишта и речни долини. Највисоки точки на островот се Пику Алту (590 м), Кавакас (491 м) и Калдејра (481 м). Овој регион ги вклучува парохиите Санта Барбара и Еспирито Санто, порурално и земјоделско земјиште на островот. Тука нивото на влажност е повисоко, со повеќе ветер, дожд и врнежи, што резултира со богата растителност и ендемски растителни видови.
Островот се наоѓа во југоисточниот агол на Азорите, 100 километри јужно од Саун Мигел, и 600 км од островот Флориш (најзападниот остров во архипелагот). Геолошки, тој е најстар остров во архипелагот, со формации кои се стари 8.12 милиони години.[22] Поради неговата возраст, нема историски докази за вулканите, географијата на островот има тенденција да биде позрела и вклучува поголеми депозити на водотеците отколку на другите острови на архипелагот. Слично на тоа, морски фосили се откриени на островот (во Праиња и Лагоињас), мекотели кои датираат од пред 2.7 милиони години ( Плеистоцен), и други (во Понта ду Кастелу) кои датираат од пред 5 милиони години (кон крајот на Миоценот и почетокот на Плиоценот). Генерално, Санта Марија е познат по недостатокот на вулканите во текот на периодот на човечката интервенција, иако сеизмичките настани се чести.
Островот во потеклото е вулкански и се одликува со наслаги на базалт. Ова е помешано со јод и депозити на силикатен материјал. Присуството на овие депозити, единствени во Азорите, довеле до производство на вар (калциум оксид) во текот на 19 век.
Фосилните депозити обично се наоѓаат на околу 40 метри надморска височина и биле предмет на неколку палеонтолошки студии.
Почвите во посувиот западен регион се претежно црвена глина, последица на природните промени поврзани со пирокластични депозити во текот на палеоценскиот период, кога на островот климата била потопла и повлажна а средната надморска височина била 100 метри подолу од тековното морско ниво. Овие услови овозможиле формирање на фина глина, кој се користела подоцна за производство на керамика.
Генерално, брегот на островот е опкружен со прстен од стрмни карпи, во областа Роча Алта (340 м). Неколку заштитени заливи по должината на брегот имаат бели песочни плажи, заштитени од многу карпести островчиња. Овие ги вклучуваат Сао Лауренчо (и островчето, Праја) со неговите долги песочни плажи и каменестото островче Лагоињас на северниот брег.
Клима
Поради својот низок профил, островот е единствениот во архипелагот со помалку влијание на влажноста и има помедитеранска клима. Во текот на летото обично е сува и топла. Во зима, температурите остануваат благи и најголемиот дел од годината има врнежи, иако врнежите на Санта Марија се помали отколку западните острови на Азорите. Средните температури осцилираат помеѓу 14 °C и на 22 °C. Островот бил директно погоден од Ураганот Гордон во раните часови на 20 август 2012, со брзина од 120 до 170 км/ч. Гордон бил ураган од категорија 2. Немало смртни случаи и штетите биле ограничени само на растителноста.[23][24]
Поради различната геоморфологија, населението изградило домови распрскани низ целиот остров, со формирање на мали јадра со пристап до вода за пиење (на запад) и во долините (на исток). Традиционалните домови биле изградени од сеприсутната црна вулканска карпа. Оџаците на овие домови се уникатни бидејќи во голема мера се под влијание на стиловите од Алентежо и Алгарве.
Политички, островот е една општина, Вила ду Порту, со население од 5,578 жители (2001), поделени во пет парохии:
- Вила ду Порту: вклучува една третина од островот и има аеродром. 2,997 жители (2001).
- Сао Педро: северниот дел на парохија: 841 жители (2001)
- Амагреира: на јужниот дел: 537 жители (2001)
- Еспирито Санто: источниот агол: 723 жители (2001)
- Санта Барбара: северна и источна парохија: 480 жители (2001).

Remove ads
Економија
На островот економија поминала низ многу на циклична еволуција поврзана со Азорите. Првично, економијата се засновала на производството на пченица, додека во 16 век, се развивала бавно врз основа на житни култури. Ова е исто така период на производство и извоз на фина глина-црвеница за керамика на занаетчиите на Саун Мигел (за производство на истите).
Во споредба со другите острови, одгледувањето на добиток и производството на млеко никогаш не го постигнале истото ниво на развој. Земјоделството е уште доминантна активност во општината, и зафаќа 47.6% од земјата. Оваа активност е обично ограничена во мали вложувања. Постојат неколку комерцијални видови на риби во водите околу Санта Марија, како што се скуша, сардина, туна. Кај среднaта индустрија доминира градежништвото, пилани, плочки и сл.
Како и кај останатите Азори, развиен е туризам со активности како што се едрење, сурфање на ветер, скијање на вода, спортски риболов (туна, сабјарка) и нуркање, плажа, пешачење и лов. Селата на Сао Лауренчо, Праја, Маја и Анжос се познати како летни туристички центри, привлекување на посетители на нивните плажи, природни базени и фестивали.
Сообраќај
Директни летови до континентот (Лисабон) се обезбедени од Аеродромот Санта Марија кој се наоѓа блиску до Вила ду Порту. Аеродромот, исто така, обезбедува некои директни врски со остатокот од архипелагот.
Меѓуостровски ферибот, во сопственост на азорскиот морски транспортер оператор AtlânticoLine, врши услуги на Санта Марија во текот на летото. Слично на тоа, инаугуриран во 2007 година, пристаништето во Вила ду Порту овозможува пристап до островот во текот на целата година.
Remove ads
Култура
Свечености
Слично како на остатокот на Азорите, културата е во голема мера под влијание на традиционалните религиозни прослави и празници. Конкретно, Фестивалот на Светиот Дух. Овие фестивали вклучуваат верска церемонија и крунисување на еден или повеќе деца со сребрена круна, украсена со симболите на Светиот Дух.
Во прилог на парохиските прослави поврзани со локалните светци, островот го слави Фестивалот на Господ Исус Христос на Чудата. На 15 август секоја година, општината, исто така, го слави фестивалот во чест на Носа Сењора да Асунчао (Богородица), светица заштитничка на Вила ду Порту.
За време на последната недела од август, Праја е домаќин на светски музички фестивал: Маре де Агосто.
Традиција
Занаетите во Санта Марија се одликуваат со керамика, волнени џемпери, ќебиња, пешкири и други везови. Се изработуваат и сламени шешири, кошници и разни други предмети традиционално се направени од дрво, пченка и метал кои се продаваат како сувенири.
Традиционалната музика и народните танцување се под силно влијание од страна на стилови на Беирас и Алентежо. Народни групи постојат на островот, кои репродуцираат стилови облека, музика и традиционален танц.
Remove ads
Туризам
Туристите главно уживаат во белите песочни плажи и базени во заедниците на Анжос (Вила ду Порту), Праја, Маја (Еспирито Санто) и Сао Лауренчо (Санта Барбара). Праја е особено познат на островот по белата песочна плажа која се протега низ заливот. Во останатите места, првичните природни карпести базени се заменети со бетонски базени со морска вода.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads