Сарамурово

поранешно село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сарамуровоmap
Remove ads

Сарамурово (или Саламурово, Сари Омер; грчки: Σαρή Ομέρ) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Порано било населено исклучиво со Македонци.[1]

Кратки факти Сарамурово Σαρή Ομέρ, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар меѓу селата Бугариево и Ингилизово. Лежело на патот од Шамли до Бугариево.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Сарамурово било чифлик во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарамурово (Saramourovo) било село со 25 домаќинства сочинети од 120 Македонци.[3][4]

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 120 Македонци христијани.[3][5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сарамирово (Saramirovo) имало 128 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[3][6]

Според пописот од 1905 г. во селото имало 85 Македонци, сите под егзархијата.[2][3]

Во 1910 г. Сари Умер (Σαρί Ουμέρ) е заведено како село со 85 жители со сопствена национална свест и негрчка верска припадност.[7]

Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Сарамурово се состоело од 20 македонски куќи.[8]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Сарамурово е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. населението броело 84 лица кои во 1920 г. се свеле на само 20.[1] во 1920-тите населението се иселило во Бугарија, а на негово место се доведени Грци од Понд и Источна Тракија. Така, во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, со 5 семејства сочинети од 16 лица.[9] Според други извори, таа година Сарамурово имало 28 жители.[1]

Малку подоцна населенито го напуштило селото поради отсуството на услови за нормален живот.[1]

Remove ads

Личности

  • Атанас Милушев Николов - Живко (20 мај 1908 - 1944) — иселеник во Пловдив со семејството за време на Првата светска војна, работи като арматурист, член на БКП от 1935 г., организира стачки на строителните работници, през зимата на 1943 - 1944 г. е партизанин в диверсионната чета, действаща в района на Свети Спас, през април 1944 г. се присъединява към бригадата „Георги Димитров“, убит[10][11]
  • Яким Божинов Запрянов (1882 - ?), български просветен деец и дарител[12]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads