Усеркаф

From Wikipedia, the free encyclopedia

Усеркаф
Remove ads

Усеркаф (познат на старогрчки јазик како Усерхерис, Ούσερχέρης) бил египетски фараон, основач на Петтата династија, кој владеел од седум до осум години на почеток од 25 век п.н.е. Тој, веројатно, припаѓал на гранката на кралско семејство од Четвртата династија, иако неговите родители се неизвесни и не се знае идентитетот на неговата кралица. Усеркаф можеби бил син на Кенткаус I кој се оженил со Неферхетепес. Имал барем една ќерка и многу веројатно син, кој го наследи како фараон Сахуре.

Кратки факти Усеркаф, Фараон на Египет ...

Неговото владеење го навестувало подемот на култот на Ра, кој делотворно станал бог на Египет во текот на Петтата династија. Усеркаф можби бил висок свештеник на Ра пред да се искачи на престолот и изградил храм сонце, познат како Некхенре, меѓу Абусир и Абу Гураб. Со тоа тој воспоставил традиција проследена од неговите наследници во период од 80 години. Некхенре во суштина функционирал како храм на мртовечница за зајдисонцето. Ритуалите што се изведувале во храмот биле првенствено посветени на Ра како творец и Ра како татко на кралот. По смртта на Усеркаф, неговиот храм бил граден во четири фази, и бил поставен голем обелиск.

Усеркаф изградил пирамида во Сакара, близу до онаа на Џосер, место кое што архитектите биле принудени да го постават храмот во невообичаена положба, јужно од пирамидата. Вториот бил многу помал од оние изградени за време на Четвртата династија, но погребниот комплекс бил раскошно и екстензивно украсен со убави насликани релјефи. Покрај пирамида и храм, Усеркаф изградил помала пирамида блиску до неговата за една од неговите кралици, најверојатно Неферхетепес. Иако Усеркаф бил предмет на погребен култ по неговата смрт, како и другите кралеви од Петтата династија, тој бил релативно неважен и бил напуштен по завршувањето на династијата. Малку од неговите активности се познати освен изградбата на пирамидата и храмот на сонцето. Надвор од границите на Египет, можеби имало воена експедиција во Ханаан или во Источна пустина, а трговските контакти со егејската цивилизација се чини дека постоеле во тоа време.

Thumb
Картуш на Усеркаф, Кралски списокт од Абидос

Точното времетраење на владеењето на Усеркаф не е познато. Со оглед на историските и археолошките докази, консензусот меѓу египтолозите е дека владеел седум до осум години[11][24][25][26] на почетокот од Петтата династија на Египет.[15] Прво, анализата на речиси истовремените кралски анали на Старото Кралство покажува дека владеењето на Усеркаф било забележано во осум оддели што одговараат на цели седум години, но не и многу повеќе.[note 2] [29] Второ, за Усеркаф е запишано владеење од седум години во третата колона, ред 17 од Кралскиот канон од Торино,[30] документ препишан за време на владеењето на Рамзес II од постари извори.[31]

Remove ads

Основач на Петтата династија

Поделбата на античките египетски кралеви во династии е изум на Манетон во делото Aegyptiaca, наменето да се придржува кон очекувањата на патроните на Манетон, птоломејските владетели на Египет.[32] Меѓутоа, разликата помеѓу Четвртата и Петтата династија може да биде призната од страна на древните Египќани, како што е запишано во многу постара традиција[33] пронајдена во приказна од папирусот Весткар. Во оваа приказна, на кралот Куфу од четвртата династија му бил претскажан крај на неговата линија и подем на нова династија преку пристапувањето на тројца браќа, синови на Ра, на престолот на Египет. Оваа приказна датира од Седумнаесеттата или можеби Дванаесеттата династија.[34]

Надвор од таквите историски докази, поделбата меѓу Четвртата и Петтата династија се чини дека ги одразува вистинските промени кои се случувале во тоа време, особено во египетската религија и во улогата на кралот.[35] Надмоќта на Ра над остатокот од египетскиот пантеон и зголемената кралска посветеност кон Ра, го направил еден вид бог на државата,[25] новина во споредба со Четвртата династија, кога поголем акцент бил ставен на кралските погребувања.[9]

Позицијата на Усеркаф пред да се искачи на престолот е непозната. Гримал наведува дека можел да биде висок свештеник на Ра во Хелиополис или Сакебу, култен центар на Ра, спомнат во папирусот Весткар.[21][36] Хипотезата за поврзаноста меѓу почетокот на Петтата династија и Сакебу првпат била предложена од страна на египтологот Флиндерс Петри, кој истакнал дека во египетските хиероглифи името Сакебу наликува на она на Елефантина, градот кој Манетон го дава како лулка на Петтата династија.

Thumb
Цилиндричен печат на Усеркаф на кој пишува: Усеркаф сакан од боговите, сакан од Хатор[note 3][36][38]
Remove ads

Белешки, наводи и извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads