Сашо Тасевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сашо Тасевски (роден на 10 август 1972 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стоечки комичар, писател и колумнист, вработен во Драмскиот театар во Скопје.[1]
Remove ads
Животопис
Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за глумечка игра на Факултет за драмски уметности - Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти. Во 2002 година, добитник е на националната театарска награда за најдобра глумечко остварување на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на ЦИБРА во претставата ТЕТОВИРАНИ ДУШИ. Во 2004 година магистрира театролошки науки на ФДУ, одбранувајќи ја тезата „Театар во празното“.
По негово сценарио, во 2008 година е снимена куклената тв-серија за возрасни ВРЕМЕТО ДЕНЕС во режија на познатиот бугарски режисер Боњо Лунгов. Серијата се емитуваше во 46 епизоди на Наша ТВ.
Во 2010 година во Драмски театар е праизведбата на неговата драма ИНТЕРМЕЦО[2].
Остварува улоги во неколку македонски серии како: Салон Хармони, Сакам да бидам кошаркар, Еурека, Тврдокорни и Преспав, но и во неколку тв-филмови и драми: Дичо Зографот, Девет пораки и други.
Пишувал сценарија за стрипот во неделникот Фокус и колумни за истиот весник, но и за други весници и интернет портали.
Авторска кариера
Во 2007 е објавена неговата прва збирка драми „Шмизла“[3] која доживува три изданија. Во годините што следат, објавува уште една збирка драми „Аеродромци“ и четири романи, култниот роман „Пеперутка“[4], потоа „Угурсуз“, „Принцезата на малиот принц“ и „Отпозади“ со кои создава голема читателска публика.
Остварува и две забележителни улоги во монодрамите, Човекот од соба седум и особено во Секс, Дрога и Рокенрол на сцената на драмскиот Театар во Скопје.
Во 2013 година, добитник е на наградата „Најчитан писател во Македонија[5]“ во сите библиотеки низ државата во конкуренција на странски и домашни писатели која ја доделува НУБ Климент Охридски.
Во 2017 година е назначен за директор на Драмски театар - Скопје.
Во 2023 година ја започнува неговата емисија "Лизгачки старт" на "ЕМ Телевизија" кој е автор и водител на истата до 2024 година.
Remove ads
Театарски претстави
- Кандид во земјата на чудата
- Кинегонда во Карлаленд
- Арсеник и стара тантела
- Ревизор
- Кумови
- Питачка опера
- Фурка
- Ојдипус тиранос
- Филоктет
- Роберто Зуко
- Арлекин, слуга на двајва господари
- Стари миризби
- Ферхад и Ширин
- Мефисто
- Сон на летната ноќ
- Тетовирани души
- Што е тоа што ги тера жените да трчаат по улиците на Мадрид
- Купидона
- Демонот од Дебармаало
- Операција Лир
- Мечка
- Доктор Фауст
- Позитивно мислење
- Магдо љубов моја
- Три сестри
- Секс, дрога, рокенрол
- Лет над кукавичјото гнездо
- Буре барут
- Фамилија Адамс
- Куршуми над Бродвеј
Remove ads
ТВ-драми
- Дичо Зографот
- Диоген
- Глигор Прличев
Филмографија
Година | Филм | Улога |
1993 | Еурека ТВ-серија | Хорист 7 |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Григор Прличев |
1998 | Денес, утре ТВ-филм | Друг дилер |
1998 | Салон Хармони ТВ-серија | Полицаец |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | Момчето |
2004 | Сакам да бидам кошаркар ТВ-филм | Полицаец |
2005 | Девет пораки ТВ-филм | |
2007 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2010 | Пилот ТВ-филм | |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | Гоце Делчев |
2017-2021 | Преспав ТВ-серија | Полицаец Димо, Агент, Емил |
2021 | Кино „Љубов“ ТВ-филм | |
2022 | Снежана на крајот умира ТВ-филм | Шофер на автобус |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | |
2025 | Утре наутро ТВ-филм | Затвореник |
2025 | Утре Наутро ТВ-серија | Затвореник |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads