Света Петка (Скопско)
село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка — село во Општина Сопиште. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.
- Оваа статија се однесува на селото Света Петка во Општина Сопиште. За светицата со исто име, видете Света Петка.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е дел од областа Каршијак и се наоѓа во јужното подножје на Водно.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 20 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 40 мажи муслимани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 160 жители.[3]
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 20 жители христијани (Македонци) и 200 жители муслимани (Албанци).[4]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Говрлево и има 337 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[6]
Remove ads
Население
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители, од кои 701 Албанец и 11 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 747 жители, од кои 701 Албанец и 46 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Света Петка е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се следните:
- Доселеници: Абдалар (21 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло имаат од Албанија. Го знаат следното родословие: Меџид (жив на 45 г. во 1950 година) Џеладин-Кадри-Емин-Абди Ќаја, кој се доселил. Тоа било во почетокот од XVIII век; Шопалар (20 к.) потекнуваат од фисот Соп во северна Албанија; Аџијалар (12 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло од Албанија; Аљиалар (11 к.) доселени се од мијачкото село Жировница во Долна Река. Основачот на родот говорел само македонски, но мешајќи се со Албанците сега во овој род се говори албански, и се сметаат за Албанци. Од Жировница се иселиле двајца блиски роднини, едниот се населил во Говрлево каде прешол во православие. Тие и сега постојат во тоа село (Скендеровци). Тие долго време се пазеле како блиски роднини. Го знаат следното родословие: Милаим (жив на 50 г. во 1950 година) Селам-Бислим-Бејтула-Алил, кој се доселил околу 1810 година во Говрлево, па набрзо прешол во Света Петка.[12]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Рамниште — населба и некропола од средниот век
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads