Раец (река)
река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Раец — река меѓу планините Бабуна и Дрен во средно-јужниот дел на Македонија. Реката е лева притока на Црна Река. По оваа река наречена историско-географскаста област Раец.
Remove ads
Remove ads
Течение
Реката извира на североисточните падини на планината Дрен, на надморска височина од 1.550 м. Настанува од две реки: Свињарница (под ова име е позната во горниот тек) и Церешевик. Нејзиното течение е во североисточен правец до Фаришката Клисура, а потоа свртува кон југоисток и во Црна Река се влева од нејзината лева страна кај селото Шивец на надморска височина од 154 м.[1] Реката тече источно од превојот Плетвар, покрај патот Плетвар-Градско, во пределот на областа Раец.[2]
Remove ads
Хидрографија
Реката е долга 33 км и нејзиниот тек има релативен пад од 42,3 ‰.[1] Нејзиното сливно подрачје зафаќа вкупна површина од 305,19 км2.[2]
Галерија
- Реката во близина на селата Голем Радобил и Мал Радобил
- Реката во близина на селото Раец
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads