Шивец
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шивец — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, непосредно од десната страна на Црна Река.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 180 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 8 километри.[2] Селото е сместено во близина на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, а во непосредна близина на металуршкиот комбинат „Еуроникел индустри“.
Атарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 510 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 157 хектари.[2]
Селото се наоѓа во рамница на десниот брег на Црна Река. Селото има збиен карактер. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]
Remove ads
Историја
Селото било христијанско, а денешното село настанало со спуштање на селаните поради вода од Пашини Грамади на Љубеш кон крајот на XVIII век.[3]
Во XIX век, Шивец било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Селото има полјоделска функција.[2]
Селаните биле орачи и уште во времето на Турците се ослободиле. Селаните ловеле и риба на Црна.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Шивец имало 230 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шивец имало 272 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Селото е мало и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 271 жител, а во 1994 година 120 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Шивец имало 91 жител, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 43 Македонци и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Како родови во Шивец се споменуваат:[3]
- Старинци од старото село (Пашини Грамади): Самандовци (6 к.), Недевци (2 к.), Србовци (4 к.), Димковци (3 к.), Здравевци (2 к.), Јанчевци (3 к.) и Самовци (5 к.)
- Доселеници: Паневци (1 к.) доселени се во 1860 година од некое село во Мариово; Горевци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Манастирец; Јовановци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Трстеник; Милошевци (1 к.) доселени се во 1899 година од селото Праведник; Здравевци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Возарци; Марковци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Возарци; Бошевци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Драдња; Крстевци (1 к.) доселени се во 1908 година од Кавадарци; Илевци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Бегниште.
Remove ads
Општествени установи
- Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Возарци, во која се наоѓале селата Брушани, Возарци и Шивец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Шивец се наоѓале селата Брушани, Возарци, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш и Шешково.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0699 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објект на општината.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Стефан“ — главна селска црква
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Пашини Грамади — населба и некропола од доцноантичкото време
- Селиште — населба од доцноантичкото време
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads