Раец
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Раец (во минатото Рајец или Рајац) — село во истоимената област, во Општина Кавадарци, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Remove ads
Remove ads
Потекло и значење на името

Името на селото се сретнува во овој облик уште во XV век во турски документи, а неговото значење се поврзува со зборот Рајец, што означува богато плодно место или место каде безгрижно и среќно се живее како рај. Како второ значење се поврзува со личното име Рајо. Како трета варијанта се понудува дека потекнува од зборот Равц со значење ров или бразда.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Раец се наоѓа во крајниот северозападен дел на Општина Кавадарци, од десната страна на реката Раец, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[3] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 300 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 17 километри.[3]
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3.
Селото се наоѓа на левиот брег на Желишка Река, на нејзиниот излез кон долината на реката Раец, пред самата Дреновска Клисура. Водата за пиење во минатото доаѓала од селската чешма.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Тисавец, Девол, Орлиште и Самовелец.[4]
Селото имало две маала: Горно и Долно Маало.[4]
Remove ads
Историја
Селото е основано како чифлик кон крајот на XVIII век.[4]
Во Првата балканска војна, од селото имало четворица доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 10,8 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 423 хектари, на пасишта отпаѓаат 355 хектари, а обработливото земјиште зафаќа површина од 255 хектари.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]
Во минатото, селаните повеќе се занимавале со земјоделство, отколку со сточарство. Повеќето работеле како чифлигари.[4]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раец живееле 193 жители, сите Македонци.[6]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раец имало 200 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 238 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 128 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Раец живееле 110 жители, од кои 109 Македонци и 1 Македонски Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 42 Македонци, 2 Роми и 14 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Раец е македонско село.[4]
Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:
- Староседелци: Весовци (3 к.), доселени се од местото Борисов Рид во близина на Раец. Тоа било кон крајот на XVIII век; Панковци (3 к.) и тие се од местото Борисов Рид, а подалечно потекло од селото Радобил (денес Голем и Мал) и Кичевци (4 к.), доселени се од некое село во Кичевско, кон крајот на XVIII век.
- Постари доселеници: Марковци (3 к.), доселени се од селото Дебриште; Цековци (2 к.), доселени се од селото Радобил (денес Голем и Мал) и Тасовци (2 к.), доселени се од селото Мрамор.
- Понови доселеници: Здравевци (1 к.), доселени се од селото Радобил (денес Голем и Мал); Шалевци (1 к.), доселени се од селото Дреново; Златовци (3 к.), доселени се од селото Царевиќ; Јамевци (1 к.), доселени се од селото Шивец; Ќимовци (1 к.), доселени се од селото Дреново; Чоковци (1 к.), доселени се од селото Конопиште; Силевци (1 к.), доселени се од селото Смолани и Ризевци (1 к.), доселени се од селото Дреново.
Иселеништво
Во текот на 1970-тите и 1980-тите години, од селото е забележано иселување кон поголемите градови.
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Раец било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Раец се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Раец, во која влегувале селата Ќесендре, Раец и Фариш.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0696 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[18]
- Грамаѓе — населба од доцноантичко време;
- Стари Гробишта — некропола од доцноантичко време; и
- Тумбите — неолитска населба.
- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
- Реки[19]
- Грбавечка Река; и
- Раец.
Редовни настани
- Слави[4]
- Ѓурѓовден — главна селска слава; и
- Свети Јован — селска слава.
Галерија
- Куќа во селото
- Поглед во Раец
- Сретселото
- Куќа во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads