Севастопол

From Wikipedia, the free encyclopedia

Севастополmap
Remove ads

Севастопол[1] (руски и украински: Севасто́поль; кримскотатарски: Aqyar) — еден од трите федерални града во Русија, сместен на црноморскиот брег на полуостровот Крим, на Севастополскиот Залив. Иако географски му припаѓа на полуостровот, Севастопол ужива управна посебност и не претставува дел од Република Крим.

Кратки факти Севастопол СевастопольAqyar, Држава ...

Уникатната географска положба и условите за впловување во градските пристаниште го направиле Севастопол стратешки важна точка за морнарицата. Исто така, градот е туристички центар и одморалиште, главно за посетителите од земјите на ЗНД. Градот, порано седиште на руската (тогашна советска) Црноморска флота — денес поморска база на руската и украинската воена морнарица и истата флота.

По падот на Советскиот Сојуз, пристаништето во Севастопол се соочиле со зголемен промет, и покрај потешкотиите во поглед на заедничката воена контрола над пристаништата и доковите.

По Крмската криза од 2014 г, и референдумот за отцепување од Украина и припојување на Крим кон Русија, Севастопол станува федерален град на Русија.

Исто така, Севастопол е важен истражувачки центар на морската биологија. Особено застапено е изучувањето и тренирањето на делфини, кое започнало во градот до крајот на Втората светска војна. Севастопол ужива во потопла клима од околните региони, со свежи зими и умерено топли лета.

Remove ads

Наводи

Галерија

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads