Севени

From Wikipedia, the free encyclopedia

Севениmap
Remove ads

Севени (француски: Cévennes, окситански: Cevenas) — планински венец во јужно-централна Франција, опфатен од департманите Ардеш, Гар, Еро и Лозер.

Кратки факти Севени, Највисока точка ...

Поимот потекнува од галскиот збор Cebenna, латинизиран како Cevenna од Јулиј Цезар. Во неговата Географија (I век), Страбон ја нарекува Кеменон (Κέμμενων).

Remove ads

Географија

Опфат

Во поширока смисла, Севените се протегаат низ 9 департмани: Тарн, Од, Еро, Аверон, Гар, Лозер, Ардеш, Рона и Лоара. Во потесна смисла, Севените ги опфаќаат Лозер и Гар. Националниот парк Севени е речиси целосно во Лозер.[1]

Поважни населени места на Севените се Алес, Ле Виган, Симен, Валрог, Ганж, Сен Иполит ди Фор, Сов, Лазал, Сен Андре де Валборњ, Сен Жан ди Гар, Андиз, Флорак, Сен Жермен де Калберт, Ле Пон де Монвер, Вилфор, Женолак, Бесеж, Сен Амброа, Гањер, Ле Ван и Манд.

Опис

Thumb
Поглед на Севените.

Севените се сместени на југоисточниот огранок на Централниот Масив. Се протегаат од југозапад (Црн Кос) до североисток (Виварски Планини), при што највисоко место е планината Лозер (1.702 м). Границата меѓу двата департмана ја отцртува планината Егуал (1.567 м). Од венецот извираат реките Лоара и Алие кои течат кон Атлантикот, како и Ардеш и притоката Шасезак, Сез, другата река Гардон кон Рона, Видурл, Еро и Дурби кон Средоземното Море. Во 1970 г. се создадени Националниот парк Севени и Регионалниот природен парк Планина Ардеш. Близу ова подрачје има две значајни клисури: Жонтската и Тарнската. Ова е погранично подрачје од општествено-стопанско значење, а биогеографски се одликува со висинска стратификација помеѓу планинското средиште и приморските живеалишта.[1]

Thumb
Севените од планината Егуал.

Геологија

Венецот го образува југоисточниот дел на Централниот Масив, одделен од поврзаните Црни Планини со варовничката висорамнина Кос. Подината од гранит и шкрилци се издигнала со херцинска орогенеза, создавајќи расцеп, пополнет со одрони во пермот и тријасот (280 - 195 мг). Со промената во нивото на морето, планините добиле варовничка прекривка, а само врвовите се истакнувале над водата на јурското море. Ова подоцна подлегнало на одрони, и затоа Севените денес се вододелница помеѓу атлантскиот и средоземниот слив. Кон крајот на кредата и почетокот на терцијарот се случиле уште горообразни дејства. Алпската орогенеза ги издигнала и изобличила Алпите и Пиринеите, а Централниот Масив делувал како цврст блок, што значи дека прекривните карпи останале хоризонтални. Некои од нив подоцна можеби се набрале со раседнување при отворањето на Средоземјето во терцијарот. Главните реки на подрачјето засекле длабоки клисури во варовникот: Тарнската Клисура, Жонтскара Клисура, Лот, Ардешката Клисура, Сез итн.[2]

Remove ads

Население и историја

Во XXI век, областа сè уште е населена со француски протестанти од групата на хугенотите, кои живеат во планините уште пред XVI век. За време на владеењето на Луј XIV, голем дел од хугенотското население се отселило од Франција, особено по отповикувањето на Нантскиот указ во 1685 г. Протестантската заедница на Севените била заштитена од напади поради непристапноста и станала прибежиште за други протестанти.

Во 1702 г. ова хугенотско население, наречено Камизари, востанало против власта во одбрана на својата верска слобода.[3] Во 1715 г. двете страни се помириле, што му овозможиле на месното протестантско население да продолжи да живее во Севените. Нивните потомци живеат на истото место и денес.

Remove ads

Сообраќајни врски

Севените се сообраќајно поврзани со следниве поважни места:

Автопати

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads