Лозер
департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лозер (француски: Lozère; окситански: Losera) — департман без излез на море во регионот Окситанија во Јужна Франција, се наоѓа во близина на Централниот Масив. Опкружен е со департманите Горна Лоара на североисток, Ардеш на исток, Гард на југ, Авејрон на запад и Кантал на северозапад. Името го добил по планината Мон Лозер. Со 76.604 жители заклучно со 2019 година,[3] Лозер е најмалку населениот француски департман.
Remove ads
Историја
Лозер е основан во 1790 година за време на Француската револуција, кога цела Франција била поделена на департмани, заменувајќи ги старите покраини. Лозер е образуван од дел од старата покраина Лангедок.
Плиниевата Природна историја го пофалила сирењето од Лозер:
- Видовите сирења кои се најценети во Рим, каде според споредбата треба да се проценат различните добри работи на сите народи, се оние што доаѓаат од провинциите Немаусус, а особено во областите[N 1] Лесура и Габалис (Лозер и Геводан), но неговата извонредност е многу краткотрајна и мора да се јаде додека е свежо.[4]
Меѓу 1764 и 1767 година, Ѕверот од Геводан, суштество за кое се верувало дека е голем волк или необично животно, ја напаствувал областа во планините Маржерид во поранешната провинција Геводан (речиси еднаква со модерниот департман Лозер).
Remove ads
Географија
Лозер има површина од 5.166,9 квадратни километри. Тој е најсеверниот департман во сегашниот регион Окситанија и е опкружен со пет департмани кои припаѓаат на два региони: департманите Кантал, Горна Лоара и Ардеш во регионот Оверњ-Рона-Алпи и департманите Гард и Авејрон во регионот Окситанија.
Географијата на Лозер е сложена, опфаќа четири планински венци. На северозапад, базалтната висорамнина Обрак се издига меѓу 1000 и 1450 м, со студена влажна клима под влијание на Атлантикот. Северот и североисточниот дел на департманот ги содржат планините Маржерид, кои се образувани од гранит и имаат врвови меѓу 1000 и 1550 метри надморска висина. Климата овде е исто така студена, но посува отколку во Обрак, со помалку снег.
Кос е низа од многу суви варовнички висорамнини на југозапад, а југоисточниот дел ги содржи Севените, кои ја вклучуваат највисоката точка во департманот, гранитниот Мон Лозер со 1.702 метри.
Низ департманот течат бројни реки, над и под земја, вклучувајќи ја и Тарн, чиј извор е на Мон Лозер и која тече низ Тарнската Клисура во Кос.
Remove ads
Демографија
Развој на населението од 1801 година:
Лозер е најмалку населениот француски департман. Во 2019 година броел 76.604 жители, со густина на населеност од 14,83 жители/км 2 . Населението во департманот е слично по големина на она на Андора, соседната земја на југ. Од крајот на 19 век, департманот бележи пад на населението поради иселувањето, последните петнаесет години сепак покажале нагорен тренд. Причините за овој тренд се квалитетот на животната средина, подобрувањето на патниот превоз и комуникациската мрежа и во помала мера хелиотропизмот. Тоа е постаро население со висока куповна моќ.[5]
Населението е концентрирано во три главни средишта: Манд, Сен Шели-д'Апшер и Марвежол, кои заедно сочинуваат една третина од населението на департманот. Некои други мали средишта (Лангоњ, Флорак, Омон-Обрак, Ла Канург, итн.) се појавуваат како мали области за живеење, но не можат да привлечат млади луѓе. Иселувањето кон соседните метрополи (Клермон-Феран на север, Монпелје и Ним на југ) е сè поголемо.
Поради неговата мала густина на населеност, се смета дека спаѓа во празната дијагонала.
Поголеми градови
Најнаселена општина е Манд, која воедно е и префектура на департманот. Од 2019 година, има 3 општини со повеќе од 3.000 жители:[3]
Администрација
Департманот е управуван од Департманскиот совет на Лозер во Манд. Од 2015 година, претседател на советот е Софи Пантел. Лозер е дел од регионот Окситанија.
Административна поделба
Во Лозер има 2 окрузи, 13 кантони и 152 општини. [6]
Remove ads
Економија
Главните дејности се сточарството и туризмот. Во Лозер едвај има обработливо земјоделство поради лошиот квалитет на почвата. Во Обрак најраспространето е сточарството.
Регионот има една од најниските стапки на невработеност во Франција, што може да се припише на присилната долгогодишна традиција според која младите емигрираат во градовите како Лион, Марсеј, Монпелје кога ќе достигнат работоспособна возраст.
Користење на земјиштето

Лозер е селски департман, со релативно малку земјиште зафатено од патишта и градби. Целокупната употреба на земјиштето е поделена на следниов начин:
- Шума 43,81%
- Хит и друго отворено земјиште 31,19%
- Обработливо земјиште 12,74%
- Полиња 11,36%
- Патишта и градби 0,54%
- Реки и бари 0,3
Remove ads
Политика
Сегашни претставници воНародното собрание
Туризам
Туристичките активности вклучуваат спелеонарство и различни спортови, како што се скијање и кајак. Лозер содржи дел од Народниот парк Севени. Лозер се смета за една од најдобрите области во Франција за риболов на пастрмка. Реките како што се Лот, Тарн и Тријер се особено познати по пастрмката.
- Манд
- Црквата во Марвежол
- Сент-Аними, едно однајубавите села во Франција
- Народен парк Севени
Поврзано
- Арондисмани во департманот Лозер
- Кантони во департманот Лозер
- Општини во департманот Лозер
Белешки
- Поимот што го користи Плиније е pagus, латински истоветен израз за земја.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads