Седертелје

From Wikipedia, the free encyclopedia

Седертелјеmap
Remove ads

Седертелје (шве. Södertälje) е град во Шведска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на округот Стокхолм, каде е втор град по значење. Седертелје истовремено е иседиште на истоимената Општина Седертелје.

Кратки факти Седертелје, Површина ...
Remove ads

Природни услови

Градот Седертелје се наоѓа во источниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 35км западно. Затоа, Седертелје може да се опише како населено место помеѓу обично предградие и самостоен град.

Релјеф

Седертелје се формирал во областа на источен Седерманланд. Градското подрачје е претежно бреговите. Надморската височина се движи од 10-50м.

Клима

Климата во Седертелје е претежно континентална под големо влијание на морето и крајнит еразгранети делови на топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води

Седертелје е сместен на источниот Седертелски канал, кој ги спојува езерото Меларен, трето по големина во Шведска, со Балтичко Море. И двете водени точки се оддалечени околу десетици километри од градот. Каналот го дели градот на поголем, западен и помал, источен дел.

Remove ads

Историја

Иако подрачјето на градот било населено уште во времето на праисторијата, Седертелје е мал град за шведски услови. Сè до средината на XX век тоа било мало населено место.

Големиот и брз развој, Седертелје го доживува во втората половина на XX век, со потреба за ослободување од соседниот Стокхолм и од притисокот на претераните доселувања. Тогаш се појавиле повеќе планински градови-предградија во неговата околина.

Remove ads

Население

Седертелје денес е град со средна големина за шведските услови. Градот има околу 65,000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 88,000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението во градот расте.

До срединат ана XX век, Седертелје бил населен со етнички Швеѓани. Меѓутуа, со зголемувањето на доселувањата во Шведска, населението на градот е доста шаренолико, дури и за условите на космополитска Шведска. Градот има нагјоелм удел во „не-шведско“ население во државата, каде доселениците се од страснтво и тоа дури 29% од населението, а секоја година овој пораст се зголемува за 1,5%. Од доселениците најбројни се: Сириските Арапи, Ирци, Чилеанци, Југословени.

Стопанство

Денес Седертелје е современ град со посебно развиена индустрија, посебно со автомобилската (во градот значајни се погоните на „Сканија“ и „Фолксваген“). По две децении посебно се развиени трговијата, услугите и туризмот.

Галерија

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads