Серменин

село во Општина Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia

Серменинmap
Remove ads

Серменин — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во југоисточната падина на планината Кожуф, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.[2]

До селото води асфалтен пат преку селото Негорци, кој не е во целост довршен.

Во североисточниот дел на атарот, близу границата со Кованец се наоѓало некогашното село Брлево.

Remove ads

Историја

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 71,9 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.895 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 302 хектари.[2]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Серменин имало 480 жители, сите Власи.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Серменин имало 648 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]

Од Серменин се иселил голем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, доведено до фаза на распаѓање. Така, во 1961 година селото броело 502 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на само 18 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Серменин имало 18 жители, од кои 16 Македонци и 2 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно училиште, каде во 1944 година се одржал првиот курс по учители за регионот. Денес, истото е руинирано и зачувана е само спомен-плочата поставена десно од влезот.

Самоуправа и политика

Thumb
Историска панорама од 1931 година
Thumb
Старото училиште

Во XIX век, Серменин било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Серменин, во која единствено село било Серменин.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Серменин се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 360 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на деловен објект - продавница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[15]
  • „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква;
  • „Св. Илија“ — манастирска црква, поставен камен темелник во мај 2013 година;
Манастири
Реки[16]
Споменици
  • Биста на Димитар (Милан) Георгиев
  • Спомен-плоча на НОБ
  • Споменик за првоборецот Јанко Урдинов
Remove ads

Личности

Родени во Серменин
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads